Македонската фудбалска репрезентација се најде во силна група во второто издание на Лигата на Нации. На денешната ждрепка во Амстердам, Македонија беше извлечена во групата „3“ од Ц-сегментот во ова репрезентативно натпреварување, во која заедно со нас се и селекциите на Грузија, Естонија и Ерменија.
Ова ќе биде второ издание на ова натпреварување, откако по првото македонскиот нацинален тим во Групата „Д“ го освои првото место во група со Гибралтар, Лихтенштајн и Ерменија.