По одложувањето на мечот меѓу Јувентус и Милан, денеска Италијанската федерација го одложи и утрешниот полуфинален меч од Купот на Италија меѓу Наполи и Интер.
И двата меча се откажами поради силниот пораст на смртните случаи од коронавирусот во облостите во Италија во последните неколку дена.
Префектот од регионот на Кампања, Марко Валентини, утрово донесе одлука да го стопира одигрувањето на мечот. Во оваа фаза не е познато кога ќе се играат двете полуфиналиња.