Академија Пандев – Брегалница и Струга Трим Љум – Шкендија, се полуфиналните двојки во Купот на Македонија. Првите натпревари се играат на 8. април, реваншите на 6. мај 2020. година. Денеска со ждрепка беа одредени двојките за последната рунда до големото финале.
Author: saso
Сопствениците на англискиот шампион Манчестер Сити ќе си купат уште еден фудбалски клуб. Француските весници јавија дека Инвестицискиот фонд од ОАЕ кој е сопственик на англискиот шампион, размислува да влезе во сопственичката структура на францускиот вторологаш Нанси. Победникот на Купот на Франција од 1978 година е на 14. место во Лига 2, а преставници на компанијата од ОАЕ веќе имале први разговори со управата на Нанси. Се очекува во кус период да биде завршена трансформацијата на сопственичкиот капитал, по што оваа компанија која стои зад три фудбалски проекти (Манчестер Сити, Њујорк Сити и Мелбурн Сити) треба да добие и четврти…
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер потврди дека Пол Погба ќе се врати на тренинзи во првиот тим следната недела. 26-годишниот француски играч од средниот ред се бори со сериозен проблем со глуждот во голем дел од оваа сезона, по што остана на само осум настапи во сите натпреварувања. Погба последен пат настапи за „црвените ѓаволи“ во победата од 4:1 над Њукасл на „Боксинг деј“, играјќи 45 минути. Ова беше неговиот прв старт откако неколку месеци претходно беше на рехабилитација поради истиот проблем. Тогаш беше подложен на операција, а за време на неговиот период на закрепнување, повторно се појавија…
Долгоочекуваното дерби меѓу Јуветус и Интер ќе се одигра викендов. Како што соопштија првите луѓе на Серија А. одлучено е сите одложени средби од минатото коло да се одиграат овој викенд. Јуве и Интер ќе играат в недела во вечерен термин од 20:45 часот, но без присуство на публика. Викендов ќе се одиграат уште пет натпревари, сите тие што беа одложени а тоа се Сампдорија – Верона (сабота), Милан – Џенова (недела), Парма – Спал (недела), Сасуоло – Бреша (недела), Удинезе – Фиорентина (недела). Одлучено е колото од наредниот викенд да се одложи за 14 и 15 март. Инаку сите…
Ракометната федерација на Македонија, денеска информираше дека УО донел одлука за назначување на Левче Китевски на функцијата директор на машките и женските ракометни репрезентации на Македонија. Досегашниот директор, Димитар Митрески ќе ја добие улогата на координатор на машките ракометни репрезентации, а професорот Гино Стрезовски, кој е екс-селектор на нашите репрезентации ќе биде на функција Стручен советник на селекторот во женските репрезентации. УО на РФМ на вчерашната седница донел одлука и за назначување на Ѓорѓе Војновиќ, Главен Извршен директор на Триглав Осигурување АД Скопје и Билал Суџубаши, Генерален Извршен директор на Халкбанк АД Скопје, за нови членови на Управниот Одбор на…
Сите натпревари во Италија ќе се играат без присуство на навивачи се до 3 април. Ова го одлучи владата на Италија заради постојаното ширење на коронавирусот. Забраната ги погодува сите региони и целиот спорт. Покрај тоа, училиштата и универзитетите ќе бидат затворени до 15 март. Задолжителните одмори може да бидат продолжени, во зависност од мерките за борба против смртоносната болест. Во Серија А веќе се одложени повеќе од 10 натпревари, како и двата полуфинални дуели од Купот на Италија меѓу Наполи – Интер (1-0 во првиот меч) и Јувентус – Милан (1:1). Новите датуми за дуелите се очекува да бидат…
Поранешниот бразилски репрезентативец Роналдињо е уапсен во Парагвај заедно со неговиот брат Роберто, кој беше негов фудбалски агент за време на активната кариера. Според информацијата која ја пренесоа бројни светски медиуми, двајцата се приведени од парагвајската полиција, поради употреба на лажни пасоши. Роналдињо и неговиот брат се обиделе да се идентификувале како Парагвајци. На 39-годишниот поранешен легендарен играч не му е дозволено да го напушти Бразил и неговиот регуларен пасош беше одземен во јули годинава заради неплатена казна за животна средина.
Евентуалното откажување или одложување на Олимписките игри во Токио 2020 година поради коронавирусот не било разговарано за време на дводневниот состанок на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) што заврши во Лозана. Претседателот на ИОК, Томас Бах, рече дека ова не било тема на состанокот. „Можам да ви кажам дека за време на состанокот на Извршниот одбор на ИОК зборовите„ откажување “и„ одложување “не беа споменати“, рече Бах.
28-годишниот играч од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Бруине поради повреда на грбот најверојатно ќе го пропушти натпреварот од 29-то коло од англиската Премиер лига со Манчестер Јунајтед. Ова го изјави менаџерот на „граѓаните“, Хосеп Гвардиола по натпреварот од 1/8-финалето на ФА Купот со Шефилд Венсдеј (1:0). „На тренинзите, Кевин падна лошо и почна да има проблеми со грбот. Не знаеме колку долго ќе биде надвор, но се надеваме дека тоа нема да биде предолг период“, вели Гвардиола. Натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ќе се одигра на стадионот „Олд Трафорд“ во недела, на 8 март.
Жозе Мурињо повторно остана разочаран по елиминацијата на Тотенхем во осминафиналето на ФА Купот. Синоќа лондончани на пенали беа елиминирани од екипата на Норич. „Мислам дека не заслуживме таков резултат, но ова е фудбал. Како што се очекуваше, тоа беше тежок натпревар. Сите мои играчи направија неверојатни напори. Јас нема да го кажам она што сите веќе го знаат. Честитки до Норич за нивната победа, ова е единствената работа што можам да ја кажам“, истакна Португалецот.
