Тренерот на Баерн, Ханс-Дитер Флик ги нападна навивачите на клубот за нивното однесување за време на натпреварот со Хофенхајм. “Ова беше чист идиотизам. Сè што се случуваше нема никаква врска со фудбалот. Овие луѓе треба да останат дома, нивното место не е на стадионот. Јас сум тажен што гледам такви работи за време на натпревар”, вели Флик. Тој беше непоколеблив дека сите треба да се спротивставуваат на ваквите идиоти. „Се извинувам за инцидентот во овој натпревар. Но, тоа е голем знак. Ние мора да се обединиме затоа што тоа не може да продолжи. Мораме да се справиме со ваквите идиоти“,…
Author: saso
Вечното кошаркарско дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички денеска ќе се игра пред празни трибини. По препораките од Владата поради коронавирусот, сите мечеви од кошаркарскиот шампионат се играат пред затворени врати, па и најпосакуваниот дуел на домашната кошаркаска сцена. Дуелот е закажан во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 17.30 часот. Аеродромци се надеваат дека на свој терен ќе успеат да дојдат до победа и да ја прекинат малата криза демонстирана на средбите во АБА 2 лигата. Тренерот Кочов смета дека Работнички е во подобра позиција на овој меч,з атоа што имаа добри три недели да се подготвуваат само за…
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е освојувач на турнирот во Акапулко. Тој утринава го победи Тејлор Фриц во два сета со 6-3 и 6-2 и така ја продолжи трката со Новак Ѓоковиќ за првото место на АТП Листата. Ѓоковиќ го освои трофејот во Дубаи, по што Надал со својата трета титула во Акапулко не му дозволи да направи поголема разлика на ранкингот. За Надал ова беше 85. трофеј во кариерата.
Ливерпул синоќа го загуби првиот меч во Премиерлигата и тоа по серија од 44 средби без пораз. На гостувањето кај Ватфорд, „црвените“ одиграа очаен меч и беа декласирани со 3:0 од тим кој се бори за опстанок. Јирген Клоп и покрај поразот вели дека неговите фудбалери се бореле до крајот. „Тие сакаа да го направат тоа што ние не сакавме. Така функционира фудбалот. Првото полувреме беше тешко. Игравме на многу долги топки, претрчувања, не се најдовме во вистинска позиција да постигнеме гол. Мора да го прифатиме тоа, иако не е лесно. Мора секогаш да се бориме“, вели Клоп.
Генералниот директор на Интер, Бепе Марота ја нападна Серија А за начинот на кој се справува со коронавирусот и одложувањето на натпреварите. Тој вели дека првенството е изобличено и „нероаѕурите“ се оштетени. „Целава ситуација се менаџира многу лошо. Требаше да се реагира многу побрзо за да се избегне алузија. Серија А во четвротокот одлучи дека ќе играме зад затворени врати, во петокот, Министерот за спорт советуваше против таква одлука. По ваквиот развој на настаните, грешка направи претседателот на Серија А, Паоло Дал Пино, кој донесе одлука да се одложат натпреварите без да се консултира со никого“, вели Марота. Тој смета…
Иако првично беше најавено дека ќе се игра утре без публика, големото дерби во италијанската Серија А меѓу Јувентус и Интер е презакажано за 13 мај. Во неможност да организираат настан со полни трибини, а во соработка со Серија А, клубовите се согласиле дуелот да се игра на крајот на сезоната. Новиот термин 13 мај значи дека првично планираното финале на Купот на Италија сега ќе мора да се премести. Тоа значи дека финалниот дуел од Купот ќе се одигра на 20 мај.
Ракометарите на Вардар попладнево (17.30 ч.) во СЦ „Јане Сандански“ го играат последниот меч од групната фаза на Лигата на шампионите. Во Скопје гостува екипата на Монпелје, против која Вардар доколку сака од петтата позиција во групата „Б“ да се најде во осминафиналето ќе мора да оди на победа. Иако и традицијата е на нивна страна, ракометарите на Вардар фаворитската улога им ја префрлија на гостите. Монпелје никогаш не се радувал во Скопје, но сепак „црвено-црните“ и гледаат во очи на реалноста и најавуваат борба по која останува да се види дали ќе успеат да го изненадат ривалот.
Проблемот со ширењето на коронавирусот сериозно и се заканува и на новата сезона во Формула 1. На неколку недели до првата трка во Австралија, вестите за состојбата со вирусот кој го зафати светот носат страв од евентуално откажување на бројни трки од календарот за 2020 година. Голем број претставници на тимовите во Формула 1, како и некои претставници на автодромите стравуваат дека сезоната може да започне многу подоцна од планираното. Претставникот на Виетнамското ГП истакна дека доколку ситуацијата се влоши, првата трка во историјата на Ф1 фазата во Ханој ќе мора да биде откажана. „Ако во март ситуацијата се влоши,…
Ливерпул би можел да остане без титулата во Премиер лигата ако натпреварите бидат откажани поради ризик од коронавирус, пишува „Дејли Телеграф“. Тимот на Јирген Клоп има 79 бода и е на врвот на табелата во Премиер лигата, со дури 22 бода повеќе од Манчестер Сити кој е на второто место. До крајот на првенството остануваат уште 11 кола, но неизвесно е дали тоа ќе се доигра. Брзината со која коронавирусот се шири низ Европа носи сериозни проблеми, па неколку натпревари во Серија А минатиот викенд беа одложени, некои се играа без публика, а се размислува и за целосен прикин на…
Директорот на Милан, Звонимир Бобан, обвини дека Иван Газидис им работел зад грб, односно самостојно договарал трансфер на Ралф Рангник на кормилото на тимот за следната сезона. Според информациите од Италија, во Милан денеска треба да се одржи итен состанок со сопствениците на клубот. „До пред неколку дена мислев дека не е вистина дека во Милан има две лица, и покрај тоа што имавме илијадници потешкотии, културни разлика и многу различна пасија за каузата на росонерите. Фактот дека ќе треба да разговараме за ова не е добар за било кој. Најлошо е што овој дестабилизирачки настан се случува во моментите…
