Вечното кошаркарско дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички денеска ќе се игра пред празни трибини. По препораките од Владата поради коронавирусот, сите мечеви од кошаркарскиот шампионат се играат пред затворени врати, па и најпосакуваниот дуел на домашната кошаркаска сцена.
Дуелот е закажан во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 17.30 часот.
Аеродромци се надеваат дека на свој терен ќе успеат да дојдат до победа и да ја прекинат малата криза демонстирана на средбите во АБА 2 лигата. Тренерот Кочов смета дека Работнички е во подобра позиција на овој меч,з атоа што имаа добри три недели да се подготвуваат само за овој меч.
Покрај оваа средба, денеска од редовното коло се играат и мечевите Вардар – ФМП Академија и дуелот меѓу МЗТ Скопје 2 и Куманово.