Ливерпул синоќа го загуби првиот меч во Премиерлигата и тоа по серија од 44 средби без пораз. На гостувањето кај Ватфорд, „црвените“ одиграа очаен меч и беа декласирани со 3:0 од тим кој се бори за опстанок.
Јирген Клоп и покрај поразот вели дека неговите фудбалери се бореле до крајот.
„Тие сакаа да го направат тоа што ние не сакавме. Така функционира фудбалот. Првото полувреме беше тешко. Игравме на многу долги топки, претрчувања, не се најдовме во вистинска позиција да постигнеме гол. Мора да го прифатиме тоа, иако не е лесно. Мора секогаш да се бориме“, вели Клоп.

