Ракометарите на Вардар попладнево (17.30 ч.) во СЦ „Јане Сандански“ го играат последниот меч од групната фаза на Лигата на шампионите. Во Скопје гостува екипата на Монпелје, против која Вардар доколку сака од петтата позиција во групата „Б“ да се најде во осминафиналето ќе мора да оди на победа.
Иако и традицијата е на нивна страна, ракометарите на Вардар фаворитската улога им ја префрлија на гостите. Монпелје никогаш не се радувал во Скопје, но сепак „црвено-црните“ и гледаат во очи на реалноста и најавуваат борба по која останува да се види дали ќе успеат да го изненадат ривалот.