Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е освојувач на турнирот во Акапулко. Тој утринава го победи Тејлор Фриц во два сета со 6-3 и 6-2 и така ја продолжи трката со Новак Ѓоковиќ за првото место на АТП Листата.
Ѓоковиќ го освои трофејот во Дубаи, по што Надал со својата трета титула во Акапулко не му дозволи да направи поголема разлика на ранкингот.
За Надал ова беше 85. трофеј во кариерата.