Author: saso

Бојан Радуловиќ и Марин Морнар од денеска и официјално не се кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром. Веста ја потврдија од клупското раководство. Нивното заминување беше најавено, како дел од најавените промени во ростерот на тимот во пресрет на решавачкиот дел од сезоната во двете домашни натпреварувања и АБА2-лигата. Морнар одигра 18 натпревари во регионалното натпреварување со просек од 5,1 поени и 2,7 кока, додека Радуловиќ настапи на 11 средби со просек од 2,5 поени и 2,8 скока. Нивните места во составот веќе ги пополнија турскиот интернационалец Рагип Атар и Американецот Феми Олуџоби.

Read More

Ајнтрахт Франкфурт, наводно, побарал од Милан 40 милиони евра за да им го продаде Анте Ребиќ. Од оваа сума, 20 милиони евра ќе завршат кај Фиорентина. Напаѓачот пристигна на двегодишна позајмица во Милан како замена за Андре Силва. Ребиќ во вториот дел од сезоната стана топ-голгетер на „росонерите“, по што почнаа шпекулации околу неговиот комплетен договор со миланезите.  Според „Тутопорт“, Ајнтрахт Франкфурт јасно напоменал дека цената на Хрватот е 40 милиони евра.

Read More

Џузепе Конте, претседател на италијанскиот Совет на министри, не ја исклучи можноста за откажување и одложување на сите натпревари од следното коло во италијанската Серија А. Претходно, поради избувнување на епидемијата на Коронавирусот, четири натпревари на италијанскиот шампионат во провинциите Ломбардија и Венето беа одложени. „Не мислам дека за само една недела ќе можеме да го забавиме ширењето на вирусот доволно за да продолжиме со спортски настани. Постојано ја следиме ситуацијата, ќе ја следиме и оценуваме. Ќе го следиме развојот на оваа болест и ќе ја процениме можноста за одложување на сите натпревари следната недела“, изјавил Конте.

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, пред новинарите изјави дека не разбира зошто Ливерпул го нарекуваат „најдобриот тим на светот“. „Не разбирам малку кога ќе речат ’најдобриот тим во светот’. Се разбира, убаво е кога ќе го слушнете ова и секако, ова е подобро да го слушнете за вас отколку да ве нарекуваат ’најлошиот тим на светот’“, вели Клоп. “Обично, кога луѓето го користат терминот за најдобар тим, тие зборуваат за Реал или „Барселона, мислам пред неколку години, како и за Манчестер Сити во последните неколку години и слично. Расположението е главната работа во нашиот тим. Ставот и селекцијата на многу…

Read More

Креативецот на Манчестер Сити, Кевин Де Бруине, смета дека тој и неговите соиграчи ќе бидат обвинети за катастрофална сезона, ако не ја освојат Лигата на шампионите оваа сеозна. Оваа недела пред „граѓаните“ е првиот од двата сериозни теста, бидејќи ќе ги одмерат силите со Реал Мадрид. „Очигледно дека Реал Мадрид го освојува турнирот најчесто. Ние ќе одиме таму за да ја покажеме нашата игра онака како што правиме цела сезона. Играме офанзивен фудбал и се обидуваме да ги ставиме под притисок. Сакаме да играме добар фудбал и ако можеме да победиме“, рече Белгиецот. „Ако не ја освоиме Лигата на шампионите,…

Read More

Вчера во Перм, македонската кошаркарска репрезентација одигра многу подобар меч од оној во Скопје со Естонија, но повторно загуби. Русите во финишот не добија со 77:67, а селекторот Тодоров вели дека малку ни неостасуваше за многу подобар исход на мечот „Ги затворивме добрите страни на Русија, споредено со она што играа со Италија. Ние сме репрезентација на која системот ѝ се базира на шутеви за три. Потребни ни беа само три тројки за да имаме подобар резултат. „Кошарката беше спорт број еден во Македонија, сега тоа е ракометот. Се бориме да се вратиме на врвот, луѓето дојдоа, нè поддржаа со…

Read More

Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе и вториот пораз во циклусот квалификации за ЕП 2021. На гостувањето во Перм, избраниците на Ацо Тодоров беа поразени од Русија со 77-67. Во меч во кој се носевме егал со домашните цели 40 минути, добивме шанса во финишот да се бориме и за многу подобар резултат, но откако стигнавме на минус три (70-67) не успеавме да искористиме напад за евентуално израмнување, по што следуваа серија грешки кои Русија ги казни и на крајот дојде до комотна предност за победа. Витингтон и Магдевски со по 14 поени беа најефикасни во нашата репрезентација, додека кај Русија…

Read More

Со голем со ентузијазам за нови предизвици, на 22 февруари 2005 година го направивме големиот чекор и успеавме да заживееме една нова спортска и радио-традиција. 15 години подоцна, може да кажеме дека како единствено спортско радио во регионот, успеавме да го задржиме нашето место под медиумското небо, обезбедувајќи квалитетен аудио производ во симбиоза од спорт и хитовска музика. Спортското радио 90.3 фм, како единствено специјализирано спортско радио во регионот, оваа година прославува јубилеј – 15 години во македонскиот етер. Одбележуваме една голема етапа од нашата мисија, да го доближиме спортот до сите генерации. Ова е просторот во кој многумина најдоа…

Read More

Македонскиот ракометен шампион Вардар денеска (16 часот) му гостува на директниот конкурент за петото место на табелата во групата Б во Лигата на шампионите – Порто. „Црвено-црните“ пред овој дуел се на посакуваната позиција, но со бод предност во однос на португалскиот тим. На првиот дуел сезонава во Скопје, Вардар победи со 32-27, а гостите и тогаш покажаа дека не се за потценување. „Порто е фаворит сега на дуелот, а ние одиме без притисок и со единствена мисла – да играме, да се натпреваруваме и секако да ги искористиме шансите. Се обидуваме да не мислиме на проблемите, но најголем е…

Read More

Македонската кадетска репрезентација со убедлива победа ги заврши Медитеранските игри, откако со совлада Кувајт со 22-13 (5-3, 4-4. 13-6). Со овој триумф Македонија освои 16,5 бода за второ место во групата кое носи 10. позиција во Атина. Нашите момци одиграа добро на стартот, поведоа со 5-3, а по изедначените 4-4, победата ја потврдија во последните 15. минути во кои дојдоа до позитива од 13-6. Во финалето на турнирот се среќаваат Црна Гора и Шпанија, а во мечот за трето место играат Хрватска и Србија.

Read More