Директорот на Милан, Звонимир Бобан, обвини дека Иван Газидис им работел зад грб, односно самостојно договарал трансфер на Ралф Рангник на кормилото на тимот за следната сезона. Според информациите од Италија, во Милан денеска треба да се одржи итен состанок со сопствениците на клубот.
„До пред неколку дена мислев дека не е вистина дека во Милан има две лица, и покрај тоа што имавме илијадници потешкотии, културни разлика и многу различна пасија за каузата на росонерите. Фактот дека ќе треба да разговараме за ова не е добар за било кој. Најлошо е што овој дестабилизирачки настан се случува во моментите кога тимот напредува и можете да ја видите напорната работа на Стефано Пиоли“, вели Бобан.