Author: saso

По информацијата дека еден кошаркар на Реал Мадрид има коронавирус, а веројатно и фудбалерите на кралскиот клуб ќе мораат во карантин, Шпанската Ла Лига денеска и официјално објави дека ги одложува следните две кола во првенствата. Барање за прекин на првенствата имаше и од бројни прволигашки и второлигашки екипи од Пиринеите, па Ла Лига донесе одлука за времен прекин на првенството во период од две планирани кола. Тоа значи дека во наредните 10 дена (практично до 22 март) во Шпанија нема да се игра фудбал.

Read More

Федерика Брињоне од Италија е освојувака на големиот кристален глобус во женска конкуренција во сезоната во аплско скијање. Имено, организаторите на последната трка од Светскиот куп во шведски Оре вчера објавија дека истата е откажана, што значи дека Италијанката е севкупен победник. Федерика Брињоне станува првата Италијанка која ја освоила титулата.

Read More

Јувентус синоќа потврди дека еден нивен играч се заразил со опасниот КОВИД-19 вирус или попознат како корона вирус. „Фудбалерот Даниеле Ругани е позитивен на Корона КОВИД-19 вирусот и моментално е на лекување. Јувентус покрена цел состав на изолација согласно со законските процедури, вклучувајќи и сите оние кои биле во контакт со него“, сооштија од италијанскиот шампион. Денеска се огласи и фудбалерот, кој им порача на фановите да бидат свесни за однесувањето и за здравјето на себе и околината. Тој дополни дека се чувствува добро.

Read More
NBA

НБА-лигата е запрена. Првите луѓе на натпреварувањето најавија дека нема да се играат натпревари во најсилната кошаркарска лига во светот заради коронавирусот. Тие ја донесоа оваа одлука затоа што центарот на Јута, Руди Гобер, беше позитивен на коронавирус. Гобер не се чувствуваше добро, па токму затоа мечот меѓу Оклахома и Јута беше прво одложен, а потоа комплетно се одложи. Кога пристигнале резултатите и се потврди дека Гобер е заразен, НБА веднаш објави дека лигата ќе биде суспендирана до понатамошно известување. НБА соопшти дека Гобер не бил на теренот, но сега се очекуваат резултатите и од неговите соиграчи во Јута, како…

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, имаше страшна ноќ. Неговиот тим беше елиминиран во 1/8-финалето од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, откако загуби во продолжението со 3:2. „Ги барам вистинските зборови. Нашата најголема грешка е што постигнавме втор гол во дополнителното време, а не во регуларните 90. Одигравме одлично во 90 минути, но нема објаснување за она што не успеавме да го погодиме. Не разбирам зошто Атлетико игра таков фудбал и покрај квалитетот кој го поседува. Тие исто така можат да покажат вистински фудбал, не само да застанат во одбрана по четворица во два реда и да чекаат на контри.…

Read More

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го спореди голманот Јан Облак со Лионел Меси, заради степенот до кој тој влијае на перформансите на тимот. Очекувањата дека Облак ќе стане еден од главните играчи во реваншот од Лигата на шампионите беа целосно оправдани. Тој дозволи само еден гол во регуларниот дел од мечот и го донесе Атлетико до продолженија. „Несомнено Облак е најдобриот голман на светот. Тој е многу важен за нас. Во Барселона, тие го имаат Меси кој ја прави разликата. За нас тоа е Облак. Играта со 5-4-1 требаше да ни дозволи добар контра напад. Тоа и го направивме“,…

Read More

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација, вечерва (19 часот) во Виена, ќе го добие противникот за баражот за пласман на Светското Првенство што во јануари 2021 година ќе се игра во Египет. Во пресрет на извлекувањето нашата селекција е сместена во вториот шешир, а противник ќе биде репрезентација која е во првиот шешир. Шешир 1: Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција Шешир 2: Македонија, Швајцарија, Холандија, Црна Гора, Украина, Србија, Турција/Русија, Романија/Босна, Полска/Литванија, Израел/Летонија На Светското Првенство во Египет, покрај организаторите и актуелниот шампион Данска, пласман веќе имаат обезбедено: Хрватска, Норвешка, Шпанија, Алжир, Ангола, Капе Верде, Конго,…

Read More

Реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Борусија (Д) ќе се одигра зад затворени врати. Дуелот е закажан за в среда 11 март од 21 часот. Полициската префектура во Париз објави соопштение во кое се вели: „Во примена на мерките што ги објави Советот за одбрана во неделата навечер, полицијата одлучи дека натпреварот ПСЖ – Борусија (Д) ќе се одвива зад затворени врати“. Со тоа се остварија најавите дека овој меч од Лигата на шампионите ќе мора да се одигра без присуство на гледачи.

Read More

Авторитетиот германски весник „Билд“ денеска објави информација дека нашиот репрезентативец Филип Кузмановски е голема желба на бундеслигашот Хановер. Според весникот, Кузмановски би можел да биде замената за искусниот Мортен Олсен кој ќе го напушти тимот. 23-годишниот Кузмановски минатото лето се пресели во Германија во редовите на Магдебург, но од клубот најавиле дека се подготвени да ја завршат соработката со нашиот репрезентативец. Останува да се почека финишот на сезоната и да видиме дали Кузмановски ќе се пресели вод руг германски тим.

Read More

Горан Пандев беше јунакот на Џенова во победата над Милан во вчерашното коло од италијанското калчо. Во изјава за клупскиот веб сајт, нашиот најдобар фудбалер вели дека оваа победа е вредно одработена, а сите во тимот треба да останат смирени и да продолжат со напорната работа за да се исполни планираната цел. „Ова е важна победа во посебен момент. Мистер Никола ја задржа тензијата на високо ниво и успеавме да победиме заслужено против одличен тим. Со право размислувавме само на теренот, затоа што не е наша работа да одлучуваме дали ќе играме или не. Едноставно треба да останеме обединети, мирни…

Read More