Македонската машка сениорска ракометна репрезентација, вечерва (19 часот) во Виена, ќе го добие противникот за баражот за пласман на Светското Првенство што во јануари 2021 година ќе се игра во Египет.
Во пресрет на извлекувањето нашата селекција е сместена во вториот шешир, а противник ќе биде репрезентација која е во првиот шешир.
Шешир 1: Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција
Шешир 2: Македонија, Швајцарија, Холандија, Црна Гора, Украина, Србија, Турција/Русија, Романија/Босна, Полска/Литванија, Израел/Летонија
На Светското Првенство во Египет, покрај организаторите и актуелниот шампион Данска, пласман веќе имаат обезбедено: Хрватска, Норвешка, Шпанија, Алжир, Ангола, Капе Верде, Конго, Мароко, Тунис, Бахреин, Јапонија, Катар, Јужна Кореја, Аргентина, Бразил и Уругвај.
Светското Првенство ќе се игра во пет градови: Каиро, Шарм Ел Шеик, Хургада, Суез и Луксор. Ќе настапат вкупно 32 репрезентации поделени во осум групи по четири репрезентации, а предвидено е да се игра во периодот од 14 до 31 јануари 2021 година.