НБА-лигата е запрена. Првите луѓе на натпреварувањето најавија дека нема да се играат натпревари во најсилната кошаркарска лига во светот заради коронавирусот.
Тие ја донесоа оваа одлука затоа што центарот на Јута, Руди Гобер, беше позитивен на коронавирус. Гобер не се чувствуваше добро, па токму затоа мечот меѓу Оклахома и Јута беше прво одложен, а потоа комплетно се одложи.
Кога пристигнале резултатите и се потврди дека Гобер е заразен, НБА веднаш објави дека лигата ќе биде суспендирана до понатамошно известување.
НБА соопшти дека Гобер не бил на теренот, но сега се очекуваат резултатите и од неговите соиграчи во Јута, како и сите луѓе на франшизата кои имале контакти со Французинот.
Покрај тоа, ќе бидат тестирани и другите кошаркари во лигата, особено оние против кои играше Јута во последните осум дена: Торонто, Детроит, Бостон и Њујорк.