Авторитетиот германски весник „Билд“ денеска објави информација дека нашиот репрезентативец Филип Кузмановски е голема желба на бундеслигашот Хановер. Според весникот, Кузмановски би можел да биде замената за искусниот Мортен Олсен кој ќе го напушти тимот.
23-годишниот Кузмановски минатото лето се пресели во Германија во редовите на Магдебург, но од клубот најавиле дека се подготвени да ја завршат соработката со нашиот репрезентативец. Останува да се почека финишот на сезоната и да видиме дали Кузмановски ќе се пресели вод руг германски тим.