Јувентус синоќа потврди дека еден нивен играч се заразил со опасниот КОВИД-19 вирус или попознат како корона вирус.
„Фудбалерот Даниеле Ругани е позитивен на Корона КОВИД-19 вирусот и моментално е на лекување. Јувентус покрена цел состав на изолација согласно со законските процедури, вклучувајќи и сите оние кои биле во контакт со него“, сооштија од италијанскиот шампион.
Денеска се огласи и фудбалерот, кој им порача на фановите да бидат свесни за однесувањето и за здравјето на себе и околината. Тој дополни дека се чувствува добро.

