Денеска со видео конференција челниците на УЕФА и на 55 земји членки на европската фудбалска унија треба да донесат клучна одлука за иднината на Европското првенство 2020. Сите информации говорат дека првенството оваа година нема да се одржи и ќе мора да биде пролонгирано за следната година. ФИФА исто така ќе го откаже првото издание на СП за клубови, натпреварување кое требаше да почне следното лето и со тоа ќе направи простор за континенталните собири. Неизвесно е кога ќе бидат обезбедени термини за бараж натпреварите од Лигата на нации, но со поместување за една година, многу полесно ќе биде да…
Author: saso
Фудбалот во Европа може да се запре целосно до септември, бидејќи пандемијата на коронавирус продолжува да влијае на агендата на домашни и меѓународни натпревари. Англиската Премиер лига во петокот објави дека сите натпревари ќе бидат прекинати до април. Според „Индипендент“, слична одлука би можела да се донесе и во вторник во УЕФА. УЕФА веќе го потврди откажувањето на натпреварите во Лигата на шампиони и Лига Европа, додека шпанската Ла Лига, германската Бундес лига, италијанската Серија А и француската лига 1 се суспендирани до одреден рок, по што нема закажани натпревари.
По српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, за кого вчера беше потврдено дека е позитивен на коронавирусот, во италијанска Фиорентина е прогласена вонредна ситуација. Сите други играчи беа испратени на тестирање и кај уште двајца и физиотерапевтот е утврдено дека се заболени од КОВИД-19. Па така бројката на заболени во Фиорентина се искачи на четири. По Влаховиќ, на лекување се уште Патрик Кутроне, аргентинскиот дефанзивец Герман Пецела и клупскиот физиотерапевт. Сепак, сите четворица се чувствуваат добро и моментално се на домашно лекување. Другите членови на Фиорентина се во карантин.
Меѓународната одбојкарска федерација денеска потврди дека оваа година најверојатно нема да се одржи Одбојкарската лига на нации поради ширењето на коронавирусот ширум светот. Во тесна консултација со сите национални федерации учеснички и надлежните органи, беше решено Одбојкарската лига на нации (ВНЛ) да биде пренасочена по Олимписките игри во Токио 2020 година, ако за неа воопшто биде најден соодветен термин.
Првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза, е заразен од коронавирусот. Последните информации од Белград, барем според тамошните медиуми, велат дека тој се заразил во Милано, а птоа беше во Амстердам на 44. Конгрес на УЕФА, кога се одржа и ждрепката во Лигата на Нации. На овој собир беа претставниците на сите 55. членки на УЕФА и целото раководство на Европската куќа на фудбалот.
Раководството на Манчестер Јунајтед може наскоро да го продолжи договорот со францускиот играч од средниот ред Пол Погба. Ова го објави на Твитер новинарот Николо Скира. Според изворот, клубот веќе контактирал со агентот на играчот од средниот ред, Мино Рајола. Претходно се дозна дека Погба се премислил околу заминувањето наредното лето. Французинот ќе биде среќен што ќе остане во таборот на „црвените ѓаволи“ , па дури е подготвен да го продолжи договорот. Играчот е импресиониран од играта на Бруно Фернандеш , кој минатата зима се пресели во Јунајтед од Спортинг. Тој верува дека ќе може да создаде одличен тандем со…
Ракометната федерација денеска донесе одлука за двонеделно прекинување на националните првенства. Во продолжение соопштението го објавуваме во целост: „Ве известуваме дека Раководството на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука за прекин во период од 14 дена на Националното ракометно првенство во Супер и Прва машка ракометна лига како и натпреварите од Женската ракометна лига. Одлуката е донесена по последните препораки и забрани од страна на Министерството за здравство за превенција од вирусот COVID – 19, како и препораките на Светската здравствена организација за заштита на здравјето и безбедноста, кои опфаќаат забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на…
Согласно развојот на настаните предизвикани од ширењето на covid-19 во Европа и со тоа рестрикциите за патување наметнати од страна на владите на европските држави, сите мини турнири од елитните рунди за пласман на европските првенства до 17 години, жени до 17 години, до 19 години и жени до 19 години, кои требаше да се одржат помеѓу 14. март и 14. април 2020 година се одложени. Одлуката значи дека македонската репрезентација до 19 години нема да патува во Шпанија за квалификацискиот турнир од Елитна фаза за пласман на Европско првенство. Турнирот во Шпанија требаше да се одигра од 25. до…
Денеска со соопштение, КФСМ и официјално потврди дека во наредниот период ќе бидат стопирани домашните кошаркарски шампионати. „Земајќи ја предвид моменталната состојба со појавата и ширењето на Корона вирусот (COVID-19), како и препораките на Владата на РСМ и Светската Здравствена Организација, со цел да се заштити здравјето и безбедноста на играчите, тренерите, службените лица и навивачите, раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија објавува дека сите натпревари во организација на федерацијата од денеска, четврток, 12 март 2020 година со одложуваат на неодреден временски период. КФСМ ќе продолжи да ја следи состојбата на дневна основа и ќе ги оценува опциите за…
Раководството на Евролигата соопшти дека ги прекинува сите натпреварувања на неодредено време. Само неколку часа откако НБА лигата одлучи да ја прекине сезоната на неодредено време, со иста одлука излегоа и челниците на Евролигата. Утрово, Здружението на играчи на Евролига (ЕЛПА) побараа откажување на сите наредни натпревари за да се спречи ширењето на заразата. Евролигата го прифати нивното барање и излезе со соопштение.
