Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Одложени елитните квалификации за У17 и У19, следната недела ќе се одлучува за ЛШ и ЛЕ
    Фудбал

    Одложени елитните квалификации за У17 и У19, следната недела ќе се одлучува за ЛШ и ЛЕ

    sasoBy saso12/03/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Согласно развојот на настаните предизвикани од ширењето на covid-19 во Европа и со тоа рестрикциите за патување наметнати од страна на владите на европските држави, сите мини турнири од елитните рунди за пласман на европските првенства до 17 години, жени до 17 години, до 19 години и жени до 19 години, кои требаше да се одржат помеѓу 14. март и 14. април 2020 година се одложени.

    Одлуката значи дека македонската репрезентација до 19 години нема да патува во Шпанија за квалификацискиот турнир од Елитна фаза за пласман на Европско првенство. Турнирот во Шпанија требаше да се одигра од 25. до 31. март.

    Ова е генерална превентивна мерка која се превзема со цел да се избегне можноста играчите – од кои повеќето се малолетни – да бидат одвоени од семејствата во случај некоја од владите на земјите домаќини да донесе мерка за затворање на граници или карантин.

    Дополнителни информации за презакажување на овие натпреварувања ќе се споделат навремено, по детално проценување на можностите.

    Поврзано со тековниот развој на ситуацијата со ширењето на Covid-19 низ Европа и анализите на Светската Здравствена Организација кои се менуваат од ден на ден, денес УЕФА ги повика претставниците на 55. земји членки, заедно со одборите на Европската kлупска Асоцијација и Европските лиги, како и претставници на ФИФПро да присуствуваат на состаноците кои по пат на видео конференција во вторник, 17 март 2020 со цел да се дискутира eвропскиот одговор на ширењето на вирусот.

    Одлуките ќе се однесуваат на сите домашни и Европски натпреварувања, вклучувајќи го и УЕФА Европско Првенство 2020.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.