Раководството на Евролигата соопшти дека ги прекинува сите натпреварувања на неодредено време. Само неколку часа откако НБА лигата одлучи да ја прекине сезоната на неодредено време, со иста одлука излегоа и челниците на Евролигата.
Утрово, Здружението на играчи на Евролига (ЕЛПА) побараа откажување на сите наредни натпревари за да се спречи ширењето на заразата. Евролигата го прифати нивното барање и излезе со соопштение.