Author: saso

Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах за „Њујорк Тајмс“ изјави дека се разгледуваат сите опции за ЛОИ во Токио, но откажувањето на Олимпијадата не е на агендата. Олимпискиот пламен пристигна во Јапонија денес, а церемонијата е затворена на што е можно помал круг на луѓе поради светската пандемија на коронавирусот. „Откажувањето на игрите не е на дневен ред. Ние сме сигурни во одржувањето на овие игри“, рече Бах. ИОК пред неколку дена објави дека решението за откажување на најголемиот спортски форум во оваа фаза е прерано да се донесе. „Не знаеме каква ќе биде ситуацијата во јули. Секако,…

Read More

Додека чекаме да стивне пандемијата на коронавирусот и на светските терени да се вратат фудбалските натпревари, во продолжение избор од пет брилијантни фудбалски погодоци, вистински мајстории и акробации кои веројатно не сте ги виделе досега. Here’s 5️⃣ brilliant acrobatic goals you’ve probably never seen before 🚲pic.twitter.com/JmjWcLRt6m — Goal (@goal) March 20, 2020

Read More

Денеска во 95-тата година од животот, почина едно од најпознатите имиња на светската кошарка, Бора Станковиќ. Тој беше генерален секретар на Светската куќа на коошарката ФИБА, беше еден од првите луѓе на ИОК, секако некогашен кошаркар, тренер, еден од основачите на прочуената југословенска кошарка. Неговото име останува во аналите и на СД Ц. Звезда и КК Црвена Звезда.

Read More

ФИФА донираше 10 милиони долари за Светската здравствена организација во Фондот за солидарност за борба против КОВИД-19. На овој начин, ФИФА ги поддржа иницијативите за справување со пандемијата на коронавирус. ФИФА соопшти дека тие работат со Светската здравствена организација за да се осигури дека овие средства се користат за поддршка на борбата против вирусот во сите региони во светот.

Read More

Легендата на бразилскиот и светскиот фудбал Пеле е ставен во карантин поради опасност од инфекција со коронавирус, пишуваат бразилските медиуми. 79-годишниот поранешен фудбалер спаѓа во ризичната група, која лесно може да се зарази со вирусот, а најголем дел од смртните случаи има кај лица над 65 години. За да се заштити од пандемијата, Пеле решил да остане под карантин во неговиот дом во Сао Паоло.

Read More

Четири клуба од НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс, Бостон, Филаделфија и Денвер ги објавија првите случаи на заразени играчи и тренери со коронавирусот. Засега, името на само еден од пациентите е познато, тоа е Маркус Смарт од Бостон Селтикс. Смарт во видео порака рече дека е тестиран пред пет дена, но дури сега ги добил резултатите. Тој се стави во домашна изолација и ќе остане таму се додека не биде добар. Лос Анџелес Лејкерс откри дека двајца играчи во тимот се исто така заболени од новиот вирус. Нивните имиња не се откриваат. Најлоша е ситуацијата во Филаделфија, каде што се…

Read More

Клубовите во Серија А ќе се обидат да најдат заедничко решение за тоа кога ќе можат да продолжат со тренинзи, пишува „Кориере дело Спорт“. Денеска напладне ќе се одржи состанок на кој ќе се разгледуваат извештаите на докторите од тимовите и ќе се разговара за можните датуми за враќање во процес на тренинг. Се очекува индивидуалните тренинзи да продолжат на 3 април, а клупските десет дена подоцна.

Read More

Лигата на шампионите, Лигата на Европа и сите домашни првенства ќе продолжат кон средината на мај. Ова вчера го изјави претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас. Спортот низ целиот свет е прекинат поради пандемија на коронавирус. Според Тебас, ситуацијата ќе биде решена за месец и половина, но рано е да се каже дали ќе има навивачи на трибините. „Сите лиги во Европа е предвидено да продолжат кон средината на мај. Но, зависи од тоа како ќе се развива ситуацијата со КОВИД-19. Можеби би тргнале и порано, но ова е периодот што го имаме предвид. Дали натпреварите ќе се одржат без…

Read More

Формула 1 и официјално ги одложи трките во Монако, Шпанија и Холандија. Сите три старта требаше да се одржат во мај, но сега сезоната ќе започне најрано на 7 јуни во Азербејџан. Веста дојде по конференциската врска меѓу Чеис Кери, Рос Браун, Жан Тод и десетте шефови на тимови.

Read More

По теркот на УЕФА и јужноамериканската конфедерација се одлучи да го одложи својот континентален собир, Копа Америка. Првенството на Јужна Америка требаше да се одржо ова лето, но Јужна Америка одлучи својот континентален шампионат да го презакаже за догодина. Домаќинот останува ист, Аргентина и Колумбија како ко-организатори.

Read More