Олимписките комитети на Канада и Австралија најавија дека нема да испраќаат спортисти на Олимписките игри во Токио, доколку тие се одржат оваа година. Канада го повика Меѓународниот олимписки комитет да ги премести Игрите за една година поради безбедноста на спортистите, како и целото општество. „Олимпискиот и параолимпискиот комитет на Канада ја донесе тешката одлука да не се испраќаат спортисти на Олимписките и Параолимписките игри во 2020 година. Сите помагаат да се реши проблемот со комплексноста на календарот. Ние ја разбираме сложеноста, но ништо не е поважно од здравјето и безбедноста на нашите спортисти и светската заедница“, се вели во соопштението.
Author: saso
Легендата на Манчестер Ј., Вејн Руни го коментираше прекинувањето на натпреварите во англиската Премиер лига, изразувајќи мислење дека оваа сезона ќе се одигра. „Ливерпул ќе ја освои Премиерлигата. Постојат навивачи на Евертон кои ме повикуваат и ми велат: „Сезоната треба да се откаже“. Секако, како дете на Евертон и фудбалер кој играше 13 години во Манчестер Јунајтед, дел од мене смета дека би било добро да го лишиме Ливерпул од титулата во Премиер Лигата. Но, не тие беа фантастични и направија одлична работа. Можете ли да замислите дека чекате 30 години, а потоа титулата да ви биде земена вака? Ќе…
Јапонскиот премиер Шинзо Абе денеска за првпат изјави дека Олимпијадата во Токио ќе треба да се одложи доколку не може да бидат соодветно организирана поради пандемија на коронавирус. „Тешко е, но можеби нема да имаме друг избор освен да ги одложиме натпреварите“, рече тој пред парламентот. Организаторите на Олимпијадата започнаа да разговараат за алтернативните датуми, па за еден месец се чека нов собир и на ИОК со единствена точка на дневниот ред – Олимпијадата во Токио и нејзиното одржување.
Италијанска Рома ќе треба да плати околу 25 милиони евра за да обезбедат перманентен договор за Хенрик Мхитаријан. 31-годишниот Ерменец играше за римскиот тим оваа сезона, запишувајќи 6 гола и 4 асистенции на 20 одиграни натпревари. Ова дефинитивно го испровоцира раководството на „волчицата“ да направат обид да го ангажираат со комплетен договор. Сепак, сумата од 25 милиони може да биде доста висока за клубот. Арсенал нема намера да ги менува условите од соработката, па останува да се почека стартот на трансфер периодот и новите преговори.
Реал Мадрид го стави името на 28-годишниот напаѓач на Вулверхемптон, Раул Хименез, како главна трансфер цел за претстојното лето, пренесува „АС“. Кралскиот клуб лани потроши 60 милиони евра на српскиот напаѓач Лука Јовиќ, но овој потег излезе комплетно промашување. Раул Хименез со задоволство би се вратил во главниот град на Шпанија, каде помина цела сезона во Атлетико, но не можеше да се прилагоди, постигнувајќи само еден гол на 28 натпревари. Хименез во моментов има одлична сезона во Вулверхемптон, а од пристигнувањето во Премиер лигата, тој има постигнато 39 голови во скоро две сезони. Според проценките неговата цена во моментов е…
НБА лигата би можела да претрпи огромни финансиски загуби доколку сезоната не продолжи, пренесува „Вашингтон пост“. Според изворот, загубите можат да достигнат 1 милијарда американски долари. Сезоната во НБА беше прекината откако коронавирусот го зарази центарот на Јута Џез, Руди Гобер. Досега се дијагностицирани и четири заболени кошаркари кај Бруклин, двајца кошаркари на Лос Анџелес Лејкерс, еден на Бостон и Денвер, и уште еден кошаркар на Јута.
Барселона го запиша првиот случај на инфекција со коронавирус, пренесува Мундо Депортиво. Според изворот, првиот заболен во каталонскиот клуб е првиот скаут за Јужна Америка, Андре Кири, кој ја заразил и неговата сопруга. Кири и неговата сопруга се изолирани во куќа во Сао Паоло, Бразил. Тие сè уште не се хоспитализирани и во моментот имаат само блага малаксаност.
Македонската А репрезентација натпреварот против Косово од баражите за пласман на ЕВРО 2021 ќе го одигра на 4. јуни 2020 година на Националната арена “Тодор Проески” во Скопје. Финалниот натпревар ќе се одигра на 9. јуни 2020 година, а домаќин ќе биде подобриот од дуелот меѓу Грузија и Белорусија, соопшти денеска УЕФА. Европската куќа на фудбалот, претходно објави дека се одложува најголемото репрезентативно натпреварување УЕФА ЕВРО 2020. кое требаше да се одигра во јуни и јули годинава. Соочени со присуството на корона вирусот COVID – 19, здравјето на сите вклучени во играта е приоритетно, како и избегнување непотребен притисок на…
Иако подготовките на организацијата за Скопскиот маратон беа во финална подготовка, сепак, поради влошувањето на ситуацијата со коронавирусот, истиот е одложен за 4 октомври. Како што објавија од организаторите, годинава трката низ улиците на Скопје ќе се одржи подоцна во текот на годината. „Заради влошувањето на ситуацијата со Корона вирусот, COVID-19, како нај нас така и во светот, и заради почитување на мерките кои ги превзема нашата Влада заедно со институциите и препораките од Светската здравствена организација, Сојузот на спортови на Скопје како организатор на Виз Ер Скопскиот маратон кој беше планиран за 10 мај 2020, донесе одлука трката да…
Раководството на римски Лацио ја утврди цената за играчот од средниот ред Сергеј Милинковиќ-Савиќ, за кого интерес покажуваат европските гиганти. Според претседателот на „орлите“, Клаудио Лотито, цената на 25-годишниот српски фудбалер е 120 милиони евра и нема намера да го пушти да замине за помала сума. Во исто време, доколку Лацио стане шампион на Италија, цената на играчот од средниот ред ќе се зголеми. Претходно беше објавено дека ПСЖ го има Милинковиќ-Савиќ поставено како прва летна трансфер цел, а за него сериозен интерес има и од Реал (М) и од Манчестер Ј.
