Легендата на Манчестер Ј., Вејн Руни го коментираше прекинувањето на натпреварите во англиската Премиер лига, изразувајќи мислење дека оваа сезона ќе се одигра.
„Ливерпул ќе ја освои Премиерлигата. Постојат навивачи на Евертон кои ме повикуваат и ми велат: „Сезоната треба да се откаже“. Секако, како дете на Евертон и фудбалер кој играше 13 години во Манчестер Јунајтед, дел од мене смета дека би било добро да го лишиме Ливерпул од титулата во Премиер Лигата. Но, не тие беа фантастични и направија одлична работа. Можете ли да замислите дека чекате 30 години, а потоа титулата да ви биде земена вака? Ќе биде фер да ја завршиме оваа сезона“, вели Руни.