Реал Мадрид го стави името на 28-годишниот напаѓач на Вулверхемптон, Раул Хименез, како главна трансфер цел за претстојното лето, пренесува „АС“. Кралскиот клуб лани потроши 60 милиони евра на српскиот напаѓач Лука Јовиќ, но овој потег излезе комплетно промашување.
Раул Хименез со задоволство би се вратил во главниот град на Шпанија, каде помина цела сезона во Атлетико, но не можеше да се прилагоди, постигнувајќи само еден гол на 28 натпревари.
Хименез во моментов има одлична сезона во Вулверхемптон, а од пристигнувањето во Премиер лигата, тој има постигнато 39 голови во скоро две сезони. Според проценките неговата цена во моментов е 50 милиони евра.