Author: saso

Барселона објави дека сите кошаркари на клубот го прифатиле намалувањето на платите кое клубот го најави како дел од тимската организација во битката за одржување на клупската ликвидност во време на кризата предизвикана од пандемијата. Кошаркарскиот тим на Барселона претходно беше единствениот оддел на клубот кој не се согласи на намалување на платите. Претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу, во интервју рече дека очекува сите играчи да го прифатат кратењето. Барселона денеска објави дека играчите, тренерите и остатокот од персоналот сакаат да ја „покажат својата посветеност кон клубот“ за време на ситуацијата поради кризата со коронавирус и го прифаќаат клупскиот…

Read More

Откако стана јасно дека Олимпијадата во Токио е одложена за една година поради пандемијата на коронавирус, сега се појавија информации за денот кога најверојатно ќе се случи официјалното отворање на Олимпијадата во 2021 година. Според информациите, ИОК и Организацискиот комитет во Токио 2021 се согласиле Олимписките игри да започнат на 23 јули 2021 година и да се затворат на 8 август.

Read More

Сениорските репрезентативци во бокс, Јасин Љама и Гоце Јанески доцна вчера преку Софија се вратија во Македонија откако 19 дена беа во Лондон каде учествуваа на квалификацискиот турнир за ЛОИ во Токио. Олимпискиот турнир поради ситуацијата со пандемијата од коронавирусот по само два дена беше прекинат од страна на организаторите. Љама и Јанески останаа во Лондон поради затворањето на аеродромот во Скопје. Боксерската федерација на Македонија два пати се обиде да ги врати во Скопје, но за жал неуспшно, еднаш преку Истанбул и втор пат преку Солун бидејќи Турција и Грција во последен момент ги затворија границите. Вчера со лет…

Read More

Чилеанскиот напаѓач од екипата на Барселона, Артуро Видал повеќе не влегува во плановите за трансфер во Интер, информира Мундо Депортиво. Антонио Конте, кој дури и лично преговараше со играчот во зимскиот преоден рок, сега најверојатно ќе остави клубот финансиски да се консолидира и нема да фрла пари на играчи кои не се од исклучително значење.

Read More

Манчестер јунајтед е меѓу клубовите кои сакаат да ја завршат сезоната во англиската Премиер лига. „Црвените ѓаволи“ изразија поддршка за раководните тела на англискиот фудбал, кои се обидуваат да најдат начин за комплетирање на Премиерлигата и ФА Купот откако ќе помине пандемијата на коронавирус. Играњето на натпреварите во првенството би значело дека Ливерпул речиси сигурно ќе ја освои својата прва титула во Англија за 30 години, што и не е желба на фановите на Јунајтед. Како и да е, од „Олд Трафорд“ соопштија дека ја поддржуваат одлуката на Премиер Лигата да го доиграат шампионатот, дури и ако се игра на…

Read More
NBA

Џејмс Долан сопственикот на НБА тимот Њујорк Никс е позитивен на коронавирус. Долан на почетокот на оваа недела направил тест кој се покажал позитивен во миговите кога имал многу благи симптоми. Тој во моментов се наоѓа во самоизолација.

Read More

Француската Лига 1 која беше прекината поради коронавирусот, нема да има време да заврши до 30 јуни во случај на продолжување, изјави претседателот на Француската фудбалска федерација (ФФФ), Ноел Ле Гре. Натпреварите во Лигата 1 беа суспендирани поради пандемијата во земјата. УЕФА претходно откако го одложи Европското првенство до 2021 година, објави дека клупската сезона во Европа е предвидена да заврши до 30 јуни. „Сега никој не може да го контролира календарот. Ние не можеме да ги продолжиме натпреварите сè додека државата не даде зелено светло. Постојат различни хипотези кога ќе биде можно да се започне со мечеви – од…

Read More

Фудбалерите на Јувентус се согласија да ги намалат платите за март, април, мај и јуни. Истото важи и за сите тренери во клубот. Веста беше објавена на официјалната веб-страница на клубот од Торино. На овој начин, Јувентус ќе заштеди скоро 90 милиони евра. Ако првенството во Италија се доигра, тие може повторно да добијат поголеми награди. „Економските и финансиските аспекти на овој договор ќе резултираат со 90 милиони евра средства во касата на клубот за финансиската 2019/20 година. Јувентус сака да им се заблагодари на играчите и тренерите за нивната посветеност во ова тешко време за сите“, напишаа на официјалната…

Read More
NBA

Центарот на Детроит Пистонс, Кристијан Вуд, целосно се опорави од коронавирусот, јавуваат американските медиуми. Пред дванаесет дена, кошаркарот на Пистонс беше позитивен на вирусот „Ковид-19“ и, како што рече неговиот агент, „тој сега е излечен“. Вуд беше еден од првите случаи на заразени кошаркари во светот, откако Руди Гобер и Донован Мичел од Јута имаа први позитивни тестови.

Read More

Манчестер Јунајтед е подготвен да му го понуди на Џејдон Санчо дресот со број седум, доколку заигра на „Олд Трафорд“. Црвените ѓаволи се натпреваруваат со неколку сериозни кандидати за потписот на младиот англиски репрезентативец, кој блеска во последните две сезони во дресот на германска Борусија (Д). „Црвените ѓаволи“ имаат посебен статус за играчите кои го носат дресот со број седум, затоа што низ историјата со оваа бројка на грбот настапуваа дел од најголемите легенди на „Олд Трафорд“, како Кантона, Бекам и Кристијано Роналдо.

Read More