Италијанските фудбалски прволигаши имаат различни ставови околу завршувањето на сезоната во Серија А. Поради коронавирусот и тешката ситуација на Апенините нема спорт, а последните информации се дека ќе се направи обид таа да продолжи на крајот на мај или почетокот на јуни. Асоцијацијата на фудбалери бара да се замрзнат платите на фудбалерите за април, додека клубовите бараат да се намалат за четири месеци. Инаку за продолжување на сезоната во моментов гласаат Јувентус, Лацио, Рома, Наполи, Верона, Парма, Сасуоло и Лече. Против се Торино, Удинезе, Сампдорија, Џенова, СПАЛ, како и Бреша чиј претседател беше најгласен по ова прашање. Тој дури најави…
Author: saso
Неофицијалното светско првенство во тенис, легендарниот Вимблдон и официјално е откажан. Ова се случува првпат по Втората светска војна, а причина е пандемијата на коронавирусот КОВИД-19. Турнирот требаше да се одржи меѓу 29 јуни и 12 јули. Вимблдон е последната голема летна спортска манифестација што се одложува, заедно со Евро 2020 и Олимпијадата во Токио кои беа одложени за една година. Следува одложување и на Францускиот опен, популарниот Ролан Гарос кој требаше да започне во мај, но беше презакажан од 20 септември до 4 октомври.
УЕФА на денешната видео-конференција со 55-те земји членки, реши да ги помести баражите од Лигата на нациите за септември, а финалните фази од Лигата на шампионите и Лига Европа да ги презакаже во летните месеци. Натпреварите во двете европски клупски натпреварувања сега се презакажани за во јули и август. Претходно УЕФА им даде шанса за доигрување на првенствата ширум Европа и тоа би траело до 30 јуни, а после тоа да се доиграат преостанатите натпревари во Лигата на шампионите односно Лигата на Европа. Тоа значи дека финалињата би се играле во август кога ќе ги дознаеме европскиот шампион и победникот…
НБА и Здружението на кошаркарите во лигата ја разгледуваат можноста да ги намалат платите на кошаркарите за 25 проценти ако се појават откажувања на средбите од прекинатата сезона. НБА беше суспендирана кон средината на март кога Руди Гобер беше позитивен за коронавирусот. Иако челниците на лигата се надеваат дека сезоната во најголем дел ќе се доигра, според извештајот на ЕСПН, се разгледува можноста за намалување на платите на кошаркарите за 25 проценти. Лигата вети дека ќе ја исплати целосната заработка на играчите заклучно со 1 април, но намалувањата на приходите ќе се појават кога натпреварите ќе бидат официјално откажани. Клубовите…
Холандскиот дефанзивец во екипата на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, одговараше на прашања на навивачите во деновите од паузата ма светскиот фудбал. Меѓу прашањата стигна и едно кое бараше од Ван Дајк да каже кој е најдобриот фудбалер од оние против кои играл досега во кариерата. „Има многу добри фудбалери. Но, ако одберам еден, тоа е веројатно е Лео Меси“, одговори Ван Дијк. Сепак, на прашањето кој играч е најтежок за чување, дефанзивецот на „црвените“ имаше поинаков одговор – Серхио Агуеро.
Тотенхем не се откажува од својот капитен Хари Кејн. И покрај отворените најави од фудбалерот дека планира да ја проимени средината, раководството на лондончани планира да го задржи со многу пообра финансиска понуда. Шпекулациите за неговата иднина се поврзани со можно заминување во Манчестер Јунајтед, Ливерпул или Реал Мадрид. „Дејли Меил“ објави дека Тотенхем за негова слобода ќе бара неверојатни 200 милиони фунти што веројатно ќе биде невеорјатно некој да ги прифати. Згора на тоа Кејн ќе добие предлог за нов договор.
Иднината на фудбалот во Европа ќе се решава денеска. УЕФА за попладнево закажа видео конференција со претставниците од сите 55 членки, по што треба да се донесат некои важни одлуки во врска со завршувањето на сезоните на националните првенства, како и на европските купови. Ќе се дискутира и за прашања како што се платите на играчите и трансфер периодот ова лето. Се проценува дека УЕФА ќе понуди три варијанти. Првата е првенствата да продолжат на 15-16 мај, втората е истите да се рестартираат кон крајот на мај и почетокот на јуни, а последната опција е натпреварите да продолжат најдоцна до…
Ливерпул се повлекува од борбата за потписот на Џејдон Санчо, освен ако не дојде до трансфер на една од трите ѕвезди во нападот, Роберто Фирмино, Садио Мане или Мохамед Салах. Санчо ќе биде еден од најбараните фудбалери ова лето, а за него битка ќе бијат Манчестер Јунајтед, Челзи, Барселона и Реал Мадрид. Според „Мирор“, ситуацијата би се сменила само доколку една од големите sвезди на Ливерпул го напушти „Енфилд“ ова лето. Засега ниту еден клуб нема да се согласи да и плати на Борусија 100 милиони фунти за младиот Англичанец, што значи дека може да се очекуваат долги преговори.
Светската куќа на фудбалот, ФИФА работи на создавање на „Маршалов план“ за да ги спаси клубовите од претстојниот финансиски колапс поради глобалната пандемија на коронавирусот КОВИД-19. ФИФА има 2,7 милијарди американски долари финансиски резерви и голем дел од нив би можеле да им помогнат на федерациите и на клубовите со потешкотии. Портпаролот на ФИФА за Ројтерс изјави дека организацијата е свесна дека „ќе има сериозни финансиски проблеми како резултат на ппандемијата“. „Ова се заканува да ја наруши можноста на членките на ФИФА и други фудбалски организации, како што се лиги и клубови, да развиваат, финансираат и управуваат со фудбалските активности…
Екипата на Манчестер Јунајтед е главниот фаворит за потписот на играчот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо. Во текот на оваа сезона Кутињо ги бранеше боите на Баерн Минхен, но не успеа да ги убеди Баварците дека вреди да го откупат неговиот договор од шпанскиот гигант. Во исто време, Барселона нема намера да го задржи за следната сезона и сака веднаш да го продаде. Според шпанските медиуми, нов фаворит за потписот на Кутињо е Манчестер Јунајтед. Бразилецот е потенцијален заменик на Пол Погба, ако Французинот сепак замине во текот на летото.
