Холандскиот дефанзивец во екипата на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, одговараше на прашања на навивачите во деновите од паузата ма светскиот фудбал. Меѓу прашањата стигна и едно кое бараше од Ван Дајк да каже кој е најдобриот фудбалер од оние против кои играл досега во кариерата.
„Има многу добри фудбалери. Но, ако одберам еден, тоа е веројатно е Лео Меси“, одговори Ван Дијк.
Сепак, на прашањето кој играч е најтежок за чување, дефанзивецот на „црвените“ имаше поинаков одговор – Серхио Агуеро.