Author: saso

Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, се уште не е убеден дека е дојдено вистинско време за примена на ВАР-технологијата во Лигата на шампионите. „Не сме сигурни за потребата на ВАР. Некои работи мораат да се разјаснат. Кој одлучува дали ќе се прегледува снимката, односно дали ќе се употреби ВАР? Навивачите тоа не го разбираат, ниту пак новинарите. Што гледаат судиите, а што не? Знаеме дека еден ден ќе биде неопходно да се прифати технологијата, но само тогаш кога е бидеме подготвени“, изјавил првиот човек на УЕФА.

Read More

Џејми Варди ја завршува репрезентативната кариера. Тој го информирал селекторот на англискиот тим, Герет Саутгејт, дека е вистинското време да се повлече од репрезентативниот дрес. 32-годишниот напаѓач на Лестер, ја најавуваше својата одлука уште по СП во Русија, но се чекаше само погоден момент за да ја објави. Варди има 26 настапи за „Гордиот Албион“.

Read More

Италијанскиот дефанзивец Андреа Конти ќе се врати во составот на Милан на почетокот на октомври, објавија од клубот. Младиот фудбалер ја пропушти целата сезона поради тешка повреда на коленото, по што мораше да оди и на операција. Се очекуваше десниот бек да се врати во составот на “росонерите” во септември, но денес од клубот потврдија дека Италијанецот ќе се вклучи во тренинг процес на почетокот на октомври. 3 24-годишниот дефанзивец дојде во Милан од Аталанта минатото лето за сума од 24 милиони евра.

Read More

Ф1 тимот Ред Бул денеска потврди дека Даниел Рикиардо ќе ја започне следната трка во Италија од последното место, а причина е промената на моторот која ќе биде направена за оваа трка. Тимот направил проценка дека токму патеката Монца е таа на која треба да се проба новиот мотор на Рено. Вториот возач, Макс Ферстапен ќе добие нови компоненти, но со оглед на правото на неколку промени, ќе мине без казна.

Read More

Играчот од средниот ред на парижани, Гонзало Гуедеш, најверојатно во последните денови од трансфер периодот ќе се пресели во Валенсија. Според информациите, 21-годишниот играч кој играше за „лилјаците“ и минатата сезона како позајмен играч сега може да остане на „Местаља“ со постојан договор. Валенсија е во интензивни преговори со ПСЖ со надеж да го добие Гуедеш до 31 овој месец. Има план Шпанците повторно да го добијат фудбалерот на позајмица за една година, но сега со право на откуп на договорот за 40 милиони евра следното лето. Со оглед на тоа што Тухел не смета на него, голема е веројатноста…

Read More

Шпанските медиуми денеска излегоа со информација дека Нејмар се согласил да си замине од Париз и да се пресели во Реал (М). Според извори на „Фудбал Еспања“, 26-годишниот Бразилец се согласил на трансфер во Реал, а изворот тврди и дека агентот на Нејмар постигнал согласност за условите на личниот договор на напаѓачот. Планирано е Нејмар да стане играч на Реал (М) следното лето, а за него Шпанците ќе платат 300 милиони евра. Тоа веројатно ќе биде нов рекорд меѓу фудбалските трансфери.

Read More

Првиот противник на македонската фудбалска репрезентација во новото репрезентативно натпреварување УЕФА Лига на Нации, селекцијата на Гибралтар веќе го објави списокот на повикани фудбалери за дуелот закажан на 6 септември. Селекторот на Губралтар, Хулио Цезар Рибас го објави списокот на фудбалери во кои најголемиот дел од играчите се аматери. Најголеми ѕвезди во составот се 29-годишниот напаѓач Рис Стич, кој го носи дресот на англискиот нисколигаш Дарлингтон, како и искусниот 30-годишен играч за врска Лиам Вокер, кој пред неколку сезони играше во англиски Портсмут и Нотс Каунти, а потоа и во израелското првенство во екипата на Бнеи Јехуда.

Read More

Поранешниот напаѓач на Арсенал и на француската репрезентација, Тјери Анри, одбил да го преземе францускиот прволигаш Бордо. Претходно, Анри беше назначен за главен кандидат за испразнетото тренерско место во редовите на Бордо. Францускиот тим остана без тренер по заминувањето на Густаво Појет. Можното назначување на Анри беше потврдено и од поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер. Сепак, според последните информации во француските медиуми, некогашниот голгетер и раководството на Бордо не можеле да се договорат за личните услови на договорот. Исто така, двете страни не се согласиле и за политиката на трансфери на клубот, затоа што раководството не сакало да му…

Read More

Македонскиот судија Александар Ставрев оваа недела повторно ќе има меѓународен ангажман. Еден од најдобрите македонски судии доби задача да ја дели правдата на мечот од плеј-офот во Лигат ана Европа кој ќе се одигра во Баку меѓу Карабах и Шериф Тираспол од Молдавија. Натпреварот меѓу Карабах и Шериф се игра во четврток и ќе биде клучен за пласманот во групната фаза од ЛЕ за овие два тима. Ставрев веќе подолг период е активен на европската сцена, па и во продолжение на европската сезона сигурно ќе биде делегиран за некои од натпреварите во групната фаза во ЛЕ.

Read More

ПСЖ е подготвен да ја подигне понудата за репрезентативецот на Данска Кристијан Ериксен и на 100 милиони фунти само да го добие како засилување ова лето. Играчот на Тотенхем е прва трансфер цел на парижани кои ќе се обидат да ги искористат последните денови од европскиот трансфер период за да го реализираат трансферот на офанзивниот играч за врска. Новиот тренер на ПСЖ, Тухел, изјавил дека со доаѓањето на Ериксен, тимот сериозно ќе го подигне квалитетот во сезоната во која и натаму главна амбиција е освојувањето на Лигата на шампионите.

Read More