Целиот персонал на Манчестер Јунајтед ќе добие целосна плата и ниту еден нема да биде испратен на принуден одмор за време на пандемија на коронавирус, објави тимот.
Јунајтед испрати меил до вработените со полно работно време и ги охрабри да волонтираат за да ја помагаат Националната здравствена служба ако нивниот обем на работа е намален.
За околу 950 работници со скратено работно време, Јунајтед ја покрива просечната неделна плата врз основа на работните часови меѓу декември и февруари.