Фудбалерот на Баерн (М) Корентин Толизо се здобил со повреда за време на првиот тренинг на тимот по паузата поради пандемијата од коронавирусот.
Играчот од средниот ред почувствувал болка во левиот глужд по само 15 минути од тренингот, пренесува „Билд“.
Тренинзите на баварците се одржуваат во групи од по неколку играчи кои се оддалечени едни од други. Бундеслигата очекува натпреварите да продолжат во првата недела од мај.