Author: saso

Правниот директор на ФИФА, Емилио Гарсија Силверо откри неколку интересни работи за датумот на пресврт за многу договори – 1 јули, како и претстојниот трансфер период. „ФИФА не може да ги продолжи договорите над 30 јуни, но трансфер периодите нема да бидат исти и играчите нема да можат да заминат. Трансфер пазарот нема да се отвори на 1 јули”, рече Силверо. „Ако изнајмувањето заврши на 30 јуни, играчот мора, во теорија, да се врати во клубот што го поседува. Сепак, влезниот трансфер период нема да биде отворен и тој не може да биде регистриран“, објасни тој. „Може да има неколку…

Read More

Централниот дефанзивец на Лајпциг, Упамекано, призна дека ќе го напушти клубот ова лето и најверојатно ќе се пресели во некој од европските гиганти. За Французинот од бундеслигашот интерес има кај Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Арсенал. Договорот на Упамекано со „биковите“ е до 2021 година, а со оглед на неговото одбивање да потпише нов, РБ Лајпциг ќе мора да го продаде.

Read More

Напаѓачот на Реал (М), Лука Јовиќ, нема да го напушти тимот по завршувањето на сезоната, информира АС. Раководството на Реал решило да го му даде уште една шанса на Србинот кој минатата сезона не покажа ништо. Јовиќ ќе добие нова шанса само затоа што е млад и има долгорочен договор, што покажува дека клубот се уште верува во него. Покрај тоа, од „Сантијаго Бернабеу“ се очекува Србинот да го надмине периодот на адаптација, и д аго покаже својот огромен потенцијал.

Read More

Раководството на УЕФА утврди нов план, според кој е предвидено Лигата на шампионите и Лигата на Европа да завршат во три недели во август. Шпекулациите од Европската куќа на фудбалот велат дека за да се спроведе таков план, УЕФА може да бара продолжување на домашните првенство ајдоцна до средината на јуни. Во моментов, напорите на УЕФА се насочени кон помагање на европските лиги да ги доиграат своите сезони. Потоа, во август, за кратко време ќе биде можно да се утврдат победниците од Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Read More

Екипите во Серија А можат да продолжат со тренинзи кон крајот на април или почетокот на мај, тврди Скај Италија. Бројот на смртни случаи и заразени од коронавирус во земјата се намалува со секој изминат ден, а се зголемува и бројот на пациенти кои излегуваат од болниците. Сепак, премиерот Џузепе Конти предупреди дека е рано да се стави крај на карантинот. Владата се очекува да го продолжи карантинскиот период до 3 мај. Сепак, Скај Италија тврди дека мерките за одредени културни сфери како што се библиотеките и книжарниците веројатно ќе бидат олеснети, а истото ќе важи и за спортистите. Според…

Read More

Унаи Емери е еден од главните кандидати за преземање на кормилото на италијански Милан. Се поверојатно е дека „росонерите“ на крајот на сезоната ќе се ослободат од актуелниот тренер Стефано Пиоли, а одамна се зборува дека прв кандидат за негов наследник е Германецот Ралф Рангник. Доколку Милан не успее да се договори со Рангник, тогаш тргнува по потписот на екс-менаџерот на Арсенал, Емери. Скај Италија тврди дека Емери ќе биде веројатниот избор на директорите на Милан, со оглед на тоа што и самиот најави дека има понуда од Италија. Трета опција за Милан останува Лучијано Спалети, кој последен пат беше…

Read More

Пандемијата со коронавирусот му нанесе уште еден тежок удар на фудбалот и буквално го фрли на колена 10-кратниот шампион на Белгија, Стандард. Клубот од Лиеж ја загуби лиценцата, откако стана јасно дека нема да може да ги покрие долговите на крајот на сезоната поради суспензијата на првенството. Стандард прогласи банкрот и ќе мора да започне од третата дивизија.

Read More

Шест члена на Управниот одбор на Барселона ги напуштија своите функции. Функционерите си поднеле оставка поради неможноста да управуваат со клубот за време на пандемијата на коронавирус и по него, како и заради случајот со критиките за Лионел Меси на социјалните мрежи. „Со ова, сакаме да ве информираме дека долупотпишаните раководители му ја предадоа на Претседателот на Барселона нашата одлука за безусловна оставка на работни места во клубот. Стигнавме до оваа точка, неможејќи да го контролираме управувањето со клубот во пресрет на важните предизвици”, се наведува во изјавата на сега веќе поранешните членови на УО на Барселона.

Read More

Клубовите на англиската Премиер лига постигнаа договор за предвремено исплаќање на премиите утврдени за оваа сезона. Според информацијата на „Тајмс“, сите 20 клуба се согласија за ова прашање. Обично овие пари се исплаќаат во мај, и тоа според резултатите од сезоната, кога наградните пари се дистрибуираат во зависност од местото на табелата и бројот на натпреварите одиграни во живо на тв. Клубовите решија да го распределат наградниот фонд меѓу себе во овој момент, бидејќи суспензијата на лигата и немањето натпревари ги погодија буџетите на клубовите, и со ова се прави обид да се ублажат последиците од кризата. Во моментот на…

Read More

Тотенхем продолжува да работи на можниот трансфер на напаѓачот на Барселона, Филипе Кутињо. И покрај интересот на Челзи, тимот на Мурињо е решен да се обиде да ја добие трката за Бразилецот. Екс-фудбалерот на Ливерпул оваа сезона ја минува во Баерн Минхен, каде не успеа да ги убеди газдите дека заслужува да биде купен во текот на летото. Во исто време, враќањето на Камп Ноу во Барселона очигледно не е опција за него, па затоа ќе бара враќање на Островот.

Read More