Пандемијата со коронавирусот му нанесе уште еден тежок удар на фудбалот и буквално го фрли на колена 10-кратниот шампион на Белгија, Стандард.
Клубот од Лиеж ја загуби лиценцата, откако стана јасно дека нема да може да ги покрие долговите на крајот на сезоната поради суспензијата на првенството. Стандард прогласи банкрот и ќе мора да започне од третата дивизија.