Бројот на жртвите од коронавирусот во Италија полека опаѓа и во вторник ќе се одржи состанок на кој ќе се разговара за можноста за продолжување на сезоната во Серија А. Повеќето клубови, 17 од нив, се подготвени да продолжат да играат, додека Торино, Бреша и „уште еден“ клуб кој не е именуван, биле против продолжување на сезоната. Некои предвидувања се дека Серија А ќе продолжи кон крајот на мај, а во најлош случај на почетокот на јуни. Милан беше неутрален по ова прашање, но сега првиот човек на „росонерите“ потврди дека клубот е решен да ја одигра сезоната до крај.…
Author: saso
Европските национални фудбалски првенства се подготвуваат за враќање на терените. Таков е случајот и со најквалитетното европско натпреварување, Лигата на шампионите. „Скај Италија“ открива план на УЕФА, во кого се вели дека ЛШ ќе продолжи кога ќе завршат сите домашни шампионати, тоа значи од почетокот на август. За на 7 и 8 август се закажани реваншите од осминафиналната рунда, четвртфиналињата ќе се играат на 11 и 12 август, односно на 14 и 15 август. Полуфиналните средби би требало да се одржат на 18, 19 и 21 и 22, додека големото финале ќе следи на 29 август. Месец август ќе биде…
Претседателот на Бреша, Масимо Челино потврди дека е заразен со коронавирусот заедно со својата ќерка. Првиот човек на италијанскиот фудбалски клуб од северниот дел на Италија тврди дека се заразил додека бил на Сардинија. „Бев во Каљари неколку дена, после три недели карантин во Бреша. Бев во болница да направам тестови. Симтпомите ми беа замор и ме болеа коските“, рече Челино. Челино е еден од најголемите противници на идејата да се вратат фудбалските натпревари следниот месец. Според него Бреша нема да ја доигра сезоната сигурно, па и по цена да биде исфрлена од лигата.
Најмалку 300 луѓе ќе мора да бидат на секој натпревар од Премиерлигата, дури и ако сезоната продолжи без гледачи. Ова го изјваи потпретседателот на Вест Хем, Карен Брејди. Таа во својата колумна „во весникот „САН“ објасни дека секој од нив ќе мора да помине низа тестови пред самите средби. „Полицијата мора да присуствува на натпреварите, без оглед дали ќе се одржат без навивачи. Некои од нив ќе патуваат до стадионите и во случај на средби зад затворените трибини. Но, бидете сигурни дека агенциите за спроведување на законот не сакаат да посветат ресурси на фудбалски натпревари, ако овие ресурси се потребни…
Екипата на Арсенал ја разгледува можноста да го донесе напаѓачот на Валенсија, Родриго Морено во следниот трансфер период. „Топчиите“ се подготвуваат за голема промена во нивниот напад бидејќи се чини дека најголемата ѕвезда на тимт, Пјер-Емерик Обамејанг летово ќе ги напушти „Емирати“. Валенсија, од своја страна, можеби ќе мора да направи кадровски промени како резултат на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Родриго е еден од најдобрите играчи на тимот, со откупна клаузула од неверојатни 110 милиони евра.
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, очигледно се откажа од идејата за купување на Хари Кејн ова лето. Пред неколку недели, Кејн ги разбуди духовите, велејќи дека размислува да го напушти составот на Тотенхем, доколку клубот не покаже амбиција да ги освои најголемите трофеи. Ова веднаш го привлече вниманието на Реал и Манчестер Јунајтед. Сепак, шпанските медиуми тврдат дека раководството на „кралевите“ е загрижено за можните финансиски последици од пандемијата, што значително би го намалило буџетот на тимот. Токму оваа загриженост го натераа Зидан да се повлече од борбата за англискиот стрелец, кој има договор со Тотенхем до 2024 година.
Ракометната федерација на Македонија најверојатно ќе стави крај на сезоната откако увиде дека нема услови за доигрување на истата. РФМ нема да прогласи шампиом, местата во СЕХА и Европа ќе бидат распределени според критериумите на нашата куќа на ракометот. Ова е предлог кој е испратен до клубовите. Во предлогот стои проширување на Супер лигата на 16 клуба. Нема да има испаѓање, се враќаат екипите од СЕХА, а влегуваат и четири екипи од Прва лига
Најголемата американска компанија за он-лајн трговија, Амазон, може да стане сопственик на правата на името на стадионот на Тотенхем во Лондон. Според информациите кои се пласирани во јавноста, добро познатата технолошка компанија веќе покажала интерес за потенцијално партнерство. Сепак, постојат голем број и на други заинтересирани страни, меѓу кои, наводно, спортскиот гигант Најк. Претседателот на Спарс, Даниел Леви, планира да склучи рекорден договор и сугерира дека може да реализира продажба на името на стадионот во вредност од најмалку 29 милиони евра годишно за период од 10 години.
Извршните директори на Арсенал се согласија да ја намалат својата плата за да му помогнат на клубот во време на криза. Пред неколку дена, клупските газди на „топчиите“ излегоа со понуда да ги намалат платите на играчите за период од 1 година, во која беше вклучена и исплатата на сите суми при пласман на тимот во групите во Лигата на шампионите. Сепак, предлогот тогаш беше одбиен од играчите. Менаџерот Микел Артета продолжува да преговара со своите играчи да прифатат некакво намалување на платите. Иако некои играчи се согласуваат да ја намалат својата плата, одлуката мора да биде колективна, а засега…
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Спировски, вчера постигнал договор за прекинување на соработката со израелски Хапоел Тел Авив. Како што објавија од клубот, постигната е взаемна согласност за завршување на соработката. Спировски пристигна во Тел Авив во септември минатата година и по неговото доаѓање Хапоел од клуб кој беше при дното на табелата се најде во плеј-офот. Тој имаше договор со Израелците на 3 години.
