Author: saso

Мото ГП одложи уште една трка на неодредено време заради пандемијата на коронавирусот, соопштија официјални лица од шампионатот. Трката во Финска закажана за викендот 10-12 јули, нема да биде одржана. Новиот датум сè уште не е познат. Гран При трката во Финска е 11-тата Мото ГП трка од годинешниот календар која е одложена. Претходно, истото се случи со трките во Тајланд, САД, Аргентина, Шпанија (две трки), Франција, Италија, Германија, Катар и Холандија.

Read More

По повод кризата во светскиот спорт предизвикана од пандемијата на коронавирусот, денеска со свое обраќање до јавноста клубовите и Општинските фудбалски сојузи се јави, првиот човек нанашиот фудбал, Муамед Сејдини. Во обраќањето кое го пренесуваме во целост се вели: „Соочени со пандемијата КОВИД-19 верувам дека една работа на сите нас ни е посебно јасна: здравјето е на прво место и секако, пред фудбалот и спортот воопшто. Како резултат на ширењето на корона вирусот јасно е дека се променети сите околности во фудбалот за оваа натпреварувачка година. Фудбалската федерација на Македонија во соработка со фудбалските клубови и натпреварувачката комисија во федерацијата работи на низа…

Read More

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е против тоа клубот да потроши многу пари за купување на Хари Кејн. Напаѓачот на Тотенхем веќе изјави дека има шанси да го напушти Тотенхем, но од клубот реагира аведнаш поставувајќи цена од фантастични 200 милиони фунти за негова слобода. Норвежанецот верува дека напаѓачот Маркус Рашфорд е веќе одличен голгетер и има намера да му верува во комплетната нова сезона. Покрај тоа, Солскјер исто така ќе смета и на Ентони Марсијал кој оваа сезона постигна 16 гола на 34 натпревари.

Read More

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер изјави дека закрепнување од повредата на коленото оди според планот. „Сè на сè, изгледа добро. Првите шест недели поминаа добро, но потоа процесот се забави. Сепак, сега сè е повторно во совршен ред. Главната работа е дека ништо не ме притиска, нема брзање. Во сегашните услови има доволно време. Главната работа е дека сè е во ред, и кога ќе се вратам на теренот, ова што го поминав нема да биде особено важно. Сега сум задоволен од сè. Процесот е полесен по втората операција, но не би сакал да имам и трета интервенција“, изјавил Роџер за…

Read More

Екипата на Челси ова лето ќе потпише договор за трансфер на Филипе Кутињо. 27-годишниот фудбалер кој игра за Баерн Минхен оваа сезона како позајмен од Барселона е на дигурен пат да стане ново засилување за тимот на Френк Лампард. Баерн нема да ја искористи можноста за откуп на неговиот договор, што практично значи дека Барселона мора да бара нова средина за него. Кутињо подготвен да се врати во Премиер лигата, а Арсенал, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Челзи се тимовите кои најмногу се заинтересираа за него. Според каталонското издание на весникот „Спорт“, „сините“ се најреална опција за Бразилецот, откако стигнеле „многу…

Read More

Реал Мадрид е подготвен да понуди огромни 132 милиони фунти за да ги обезбеди услугите на ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане. Сенегалецот оваа сезона е повторно водечка фигура во составот на Јирген Клоп и важи за еден од најдобрите напаѓачки крила во светот. Според авторитетниот француски весник „Франс Фудбал“, „кралскиот клуб“ размислува за понуда од околу 132 милиони фунти за да го добие играчот на „црвените“. Се верува дека Реал Мадрид е единствениот клуб што би можел да го натера Мане да си замине од „Енфилд“ ова лето.

Read More

Еден од најдобрите хрватски фудбалери низ историјата, Роберт Просинечки, по завршувањето на тековната сезона повторно ќе почне со селекторска работа. Информациите од Турција велат дека тој ќе го напушти кормилото на Кајзериспор по завршувањето на сезоната, а во договор со Фудбалската федерација на Азербејџан, ќе се врати на селекторското столче. Преговорите ќе стартуваат по завршувањето на сезоната. Популарниот Роби три години беше на чело на Азербејџан, предводејќи ја оваа селекција во квалификациите за Европското првенство во 2016 година и Мундијалот 2018.

Read More

Организацијата на Олимписките игри во Токио, кои беа преместени за следната година, и натаму е неизвесна. Јапонската влада вчера призна дека нема договор со Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) за покривање на дополнителните трошоци кои се појавија поради презакажувањето на најголемиот спортски настан на планетава „Немаме таков договор за дополнителните трошоци поврзани со презакажување на Игрите. Сите последици од преместувањето на Олимпијадата до следната година се предвиден проблем. Се согласивме да направиме проценка на штетите и потоа да разговараме за прашањето и за начинот на постапување“, рече генералниот секретар на јапонската влада, Суга. Јапонската агенција „Кјодо“ објави дека одложувањето на Игрите…

Read More

Клубовите од Првата и Втората лига на Шведска, се одлучија на 14 јуни да ја продолжат фудбалската сезона. Но, за разлика од многуте земји, тие одлучија тоа да биде со присуство на публика, што е незамисливо за Шпанија или Италија. Шведска, сепак, има поинаков пристап во битката со коронавирусот. Тие не се одлучија на класичен карантин како во многу земји, туку со поблаги мерки да се спротивстават на овој вирус. Амбицијата е да се игра фудбалот со публика, а Шведска ја следи ситуацијата со коронавирусот, порачаа од Здружението на шведските тимови.

Read More

УЕФА на вчерашната видео-конференција со преставниците на 55-те земји членки донесе одлука за термините во кои ќе се играат квалификациските натпревари од Лигата на шампионите и Лигата на Европа за идната сезона. Според одлуката која треба да биде потвреден утре на сотанокот на Извршниот одбор на УЕФА, новата сезона во ЛШ ќе почне на 28 и 29 јули со премиерното елиминациско коло. Првите квалификациски средби за ЛЕ би се играле на 30 јули. Според новиот календар на УЕФА, комплетниот квалификациски дел за влез во групната фаза на двете натпреварувања треба да заврши до крајот на септември.

Read More