Британските медиуми објавија дека Премиер лигата добила пораката од Владата, да го забрза процесот на враќање на фудбалските натпревари за да се крене расположението кај луѓето за време на пандемијата на коронавирусот. Препораката важи и за други спортови, пред се рагби и трки на коњи. Планот, наречен Project Restart, предвидува да се одиграат сите натпревари во период од 8 јуни до 27 јули, со тоа што клубовите веќе добиваат упатства и известувања за тоа што вклучува планот и што се очекува од клубовите и играчите. Официјално, првиот датум за официјално враќање на тренинзите на стадионите е 18 мај.
Author: saso
Белгиската професионална фудбалска лига повторно ја одложи одлуката за завршницата на сезоната 2019/2020 година. Според белгиските медиуми, гласањето е одложено за 4 мај. Се очекува до тој датум во земјата да се ублажат карантинските мерки. Во овој случај, би можело да се смета на доигрување на сезоната. Претходно, поради тешката епидемиолошка состојба во Белгија, раководството на лигата препорача прекин на сезоната и доделување на шампионската титула на Бриж. Одлуката требаше да биде одобрена од Генералното собрание на 15 април. Подоцна, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, им се закани на белгиските клубови со протерување од Европските купови ако предвреме го завршат…
Аргентина ја прекина фудбалската сезона. Аргентинските фудбалски власти подолго време ја разгледуваат оваа опција, бидејќи поради проблемите предизвикани од пандемијата не би било можно да се одржи завршницата на сезоната. Претседателот на АФА, Клаудио Тапија, вчера потврди дека сезоната најверојатно се откажува. „Ги завршуваме сите турнири“, им рекол Тапија на аргентинските медиуми. „Идејата е да продолжиме да играме фудбал кога надлежните ќе го дозволат тоа“. Тапија исто така рекол дека нема испаѓање од фудбалските лиги во Аргентина оваа сезона, но нема да има испаѓање ниту следната сезона. Претседателот на АФА истакна дека ќе има промоции во повисок ранг, но не…
Европската фудбалска федерација (УЕФА) вчера официјално соопшти дека ќе им помогне на националните федерации со сума од 236,5 милиони евра да се справат со предизвиците предизвикани од пандемијата на коронавируот. Парите се обезбедени од програмата „Хет Трик“, која инаку им служи на националните федерации за покривање на тековните трошоци и за да помогне во развојот на одредени области во домашниот фудбал. „Нашиот спорт се соочува со невиден предизвик предизвикан од пандемијата на коронавирусот. УЕФА сака да им помогне на своите членки да одговорат на начин соодветен на околностите со кои се соочуваат. Ние се согласивме дека секоја федерација ќе добие…
Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, рече дека луѓето кои сакаат сезоната да заврши предвреме „не знаат за што зборуваат“. Лотито е поддржувач на идејата сезоната во Серија А да продолжи и покрај пандемијата на коронавирусот. „Ние не зборуваме за моја борба, ние зборуваме за свесност за ризиците што постојат доколку сезоната не започне“, вели првиот човек на римскиот клуб. „Оние кои се против очигледно не знаат за што зборуваат. Фудбалот е индустрија која генерира повеќе од 1,2 милијарди долари, па затоа мора да ги земеме предвид последиците ако не успееме да ја продолжиме сезоната. Се надевам дека мојот тим ќе продолжи од таму…
Тренерот на хрватскиот шампион ППД Загреб, Веселин Вујовиќ, излезе со коментар на асурдните одлуки на ЕХФ во врска со завршницата на ЛШ. Тој револтиран од одлуката изјави: „Историјата покажа дека скоро никогаш досега четирите првопласирани екипи не стигнале до Ф4 турнирот, бидејќи секогаш имало изненадувања на тие плеј-оф натпревари. Некои екипи биле помалку подготвени или погодени од повреди во плеј-офот и тогаш би испаднале како лани ПСЖ. За мене, ова е апсурдна одлука, пред сè, затоа што во овој период до конечниот Ф4 многу играчи ќе ги сменат клубовите. Сагосен го освои првото место во групата со ПСЖ, а на…
Најмалку 4 клуба од холандската Ередивизие се незадоволни од одлуката на Холандскиот фудбалски сојуз за откажување на првенството и Купот, со што се утврди дека годинава нема да биде прогласен шампион, но нема да има ниту испаѓање од елитата. АЗ Алкмар е незадоволен што Ајакс ќе биде тимот што ќе оди директно во групите во Лигата на шампионите, без оглед на истите бодови по одигрувањето на 25 кола. Утрехт нема да игра во Европа поради Вилем Втори, затоа што има заостанување од само 3 бода, но и натпревар помалку, а згора на тоа е и финалист во Купот. Незадоволни од…
Каталонскиот весник “Спорт“ најави дека Барселона нема намера да ја продолжи сезоната, односно да игра натпревари во време на коронавирусот. Ова е контра одлуката на УЕФА првенствата сепак да завршат во текот на летото. Ова е голем удар за сите кои сакаат да се врати фудбалот ова лето. “Здравјето е пред се, ние нема да ризикуваме со здравјето на нашите играчи само поради фудбалски натпревари“, наводно изјавиле од раководството на клубот.
Сопственикот на Сампдорија, Масимо Фереро изјави дека клубовите во Серија А треба да се потрудат добро да се подготват за сезоната 2020/21, наместо да се грижат за продолжување на актуелната сезона. Засега нема точна информација кога ќе продолжат првенствата во цела Европа и дали ќе има услови за враќање на истите, а дел веќе прогласија и крај, како Холандија. „Да не се залажуваме, додека некој не каже дека има вакцина, нема фудбал. Само тогаш можеме да бидеме мирни. Наместо да кажеме: Ајде да почнеме одново, подобро да ги засукаме ракавите и да обезбедиме добра следна сезона“, изјавил Фереро.
Отвореното тениско првенство на САД, популарниот УС Опен, оваа година би можел да се одржи во Индијан Велс. Њујорк, градот каде традиционално се одржува овој последен Гран Слем во сезоната, е еден од градовите кои се најпогодени од пандемијата на коронавирус, а спортскиот комплекс во моментот се претвори во привремена болница. Калифорнија, каде се наоѓа Индијан Велс, има поголема веројатност порано да се опорави од коронавирусот. Индијан Велс е домаќин на еден од најголемите турнири во АТП и ВТА, така што инфраструктурата е во можност да биде домаќин на натпреварите и во Грен Слем серија.
