Британските медиуми објавија дека Премиер лигата добила пораката од Владата, да го забрза процесот на враќање на фудбалските натпревари за да се крене расположението кај луѓето за време на пандемијата на коронавирусот. Препораката важи и за други спортови, пред се рагби и трки на коњи.
Планот, наречен Project Restart, предвидува да се одиграат сите натпревари во период од 8 јуни до 27 јули, со тоа што клубовите веќе добиваат упатства и известувања за тоа што вклучува планот и што се очекува од клубовите и играчите. Официјално, првиот датум за официјално враќање на тренинзите на стадионите е 18 мај.