Отвореното тениско првенство на САД, популарниот УС Опен, оваа година би можел да се одржи во Индијан Велс. Њујорк, градот каде традиционално се одржува овој последен Гран Слем во сезоната, е еден од градовите кои се најпогодени од пандемијата на коронавирус, а спортскиот комплекс во моментот се претвори во привремена болница.
Калифорнија, каде се наоѓа Индијан Велс, има поголема веројатност порано да се опорави од коронавирусот. Индијан Велс е домаќин на еден од најголемите турнири во АТП и ВТА, така што инфраструктурата е во можност да биде домаќин на натпреварите и во Грен Слем серија.