Најмалку 4 клуба од холандската Ередивизие се незадоволни од одлуката на Холандскиот фудбалски сојуз за откажување на првенството и Купот, со што се утврди дека годинава нема да биде прогласен шампион, но нема да има ниту испаѓање од елитата.
АЗ Алкмар е незадоволен што Ајакс ќе биде тимот што ќе оди директно во групите во Лигата на шампионите, без оглед на истите бодови по одигрувањето на 25 кола.
Утрехт нема да игра во Европа поради Вилем Втори, затоа што има заостанување од само 3 бода, но и натпревар помалку, а згора на тоа е и финалист во Купот. Незадоволни од одлуката се и Камбур и Де Графшап, кои беа на одличен пат да се промовираат во нови прволигаши. Овие 4 клуба нема да ја прифатат ситуацијата и се подготвени да го тужат фудбалскиот сојуз на земјата, пишува „Де Телеграф“.