Екипата на Баерн Минхен одлучи да му даде доверба на Ханси Флик и да потпише договор со тренерот до 2023 година. Флик беше помошник на Нико Ковач, кој доби отказ на 3 ноевмри и оттогаш Флик и го водеше тимот, а сега и официјално ја презима функцијата до 2023 година. Директорот на Баерн, Карл Хајнц Румениге беше исклучително задоволен од развојот на настаните и е сигурен дека со Флик на клупата ќе има големи успеси. „Презадоволни сме од работата на Флик. Екипата добро се развива под негова контрола и играме дошадлив фудбал“, вели Румениге.
Author: saso
Раководството на Премиер лигата им испрати на клубовите распоред со специфични датуми околу кои треба да го испланира повторното започнување на сезоната. Според него, тимовите треба да продолжат со целосен тренинг на 18 мај. Играчите ќе можат да се вратат со активности една недела порано на 11 мај, но ќе тренираат во мали групи од максимум пет фудбалери. На 9 и 10 мај ќе биде првото масовно тестирање на сите играчи. Првиот натпревар се очекува да се одигра на 8 јуни (понеделник), а сезоната ќе заврши кон крајот на јули.
Откако вчера беше донесена одлука за целосно прекинување на фудбалот во Франција и ПСЖ беше прогласен за нов шампион, клубовите останаа без голема сума на пари од ТВ-преносите. „Л’Екип“ пишува дека „Canal+“ одлучил да го прекине договорот и да ги замрзне останатите исплати за сезоната 2019/20. Истото ќе го стори и „beIN Sports“, која имаше право за ТВ-пренос на мечевите од Лига 1 и Лига 2. Ова значи дека ЛЕП ќе остане без 243 милиони евра, сума која ќе ја добиеше доколку сезоната се доиграше.
По Холандија, Белгија, Аргентина и Фрнација одлучи тековната сезона да ја прекине дефинитивно. Фанцуската влада соопшти дека сите спортски активности, вклучувајќи го фудбалскиот шампионат ќе бидат во мирување до август. Тоа значи дека тековната сезона е дефинитивно готова. Оваа информација прв на својот твитер профил ја објави реномираниот спортски новинар, Бертран Латур. Во скоро време се очекува да бидат донесени одлуки околу шампионот на Франција, кои екипи ќе бидат дел од Европските купови, а кои екипи ќе одат во понизок ранг.
Ракометната федерација на Македонија доби организација на уште еден ЕХФ Шампионат. Извршната Комисија на ЕХФ на онјалн состанок донесе уште неколку одлуки, а една од нив се однесува на доделувањето на организацијата на младинските ЕХФ Шампионати и ЕХФ Еуро. Македонија ќе биде оргнизатор на женскиот ЕХФ Шампионат до 19 години во 2021 година. Покрај машкиот и сега женскиот ЕХФ Шампионат, главен настан за организација на РФМ ќе биде сениорското ЕП во 2022, које го организираме заедно со Словенија и Црна Гора.
Босанскиот интернационалец Јосип Периќ, репрезентативец на својата земја и среден бек со искуство од германската Бундеслига е ново засилување за екипата на Еурофарм Пелистер. 27-годишниот Периќ доаѓа во Битола од бундеслигашот Гепингем и потпиша двегодишен договор со македонскиот вицешампион. Станува збор за среден бек, висок 180 сантиментри кој зад себе има две сезони во најсилната европска лига. Периќ е стандарден репрезентативец на Босна и Херцеговина за која има 39 настапи.
Кошаркарската федерација на Македонија излезе со соопштение во кое дава два конкретни предлози за завршување на тековната сезона. „Во врска со вонредната состојба во нашата Држава поради пандемијата на КОВИД-19, и неможноста да се одигруваат кошаркарските натпревари од Првата Државна лига-мажи за сезона 2019/20, ви доставуваме два (2) предлога за начинот на завршување на натпреварувањето: Прв предлог: Согласно моменталната табела, да се прогласи КК МЗТ Скопје Аеродром АД за шампион за сезона 2019/20, со испаѓање на двата последни клуба од Прва Лига-мажи Втор предлог: Да НЕ се прогласи шампион за сезона 2019/20, со тоа што нема да има испаѓање од…
Една од најпознатите велосипедски трки во светот, Вуелта Еспања, оваа година нема да се одржи поради пандемијата на коронавирусот. Оваа година на програмата требаше да биде јубилејното 100-то издание на Вуелта кое, сепак, ќе мора да почека до 2021 година. „Сакавме да го прославиме 100-то издание со максимални гаранции и најдобри светски велосипедисти“, забележаа организаторите. Трката традиционално се одржува кон крајот на март, а оваа година беше закажана за 23-ти до 29-ти овој месец.
Арсенал, Брајтон и Вест Хем ги отворија своите тренинзи на играчите уште вчера, но само за индивидуална работа. Премиер лигата се надева дека до 8 јуни земјата ќе биде подготвена за рестарт на шампионатот и враќање на фудбалските возбудувања. Во таа насока оди и информацијата дека од денеска со тренинзи (индивидуални) се враќаат и фудбалерите на Тотенхем. Од лондонскиот клуб најавија дека ќе има ограничен број на терени за првиот тим што ќе ги користат во поединечни сесии. Само еден играч ќе биде дозволено да биде на теренот и секој играч ќе патува самостојно до тренинг центарот. Клубот исто така…
Извршниот комитет на Европската ракометна федерација (ЕХФ) донел одлука за доделување на парични средства за екипите кои беа исклучени од учество во завршницата на годинешното издание на Лигата на шампионите и во машка и во женска конкуренција. Клубовите кои имаа обезбедено пласман во осминафиналето на ЛШ, меѓу кои и европскиот шампион Вардар, беа лишени од можноста да се борат за место на Ф4 турнирот. Од солидарниот фонд, ЕХФ обезбедил сума од 250.000 евра како надокнада за клубовите кои загубија шанса да се борат за европската круна. Исплатата на средства од по 25.000 евра по клуб стапува во сила и во…
