Босанскиот интернационалец Јосип Периќ, репрезентативец на својата земја и среден бек со искуство од германската Бундеслига е ново засилување за екипата на Еурофарм Пелистер. 27-годишниот Периќ доаѓа во Битола од бундеслигашот Гепингем и потпиша двегодишен договор со македонскиот вицешампион.
Станува збор за среден бек, висок 180 сантиментри кој зад себе има две сезони во најсилната европска лига. Периќ е стандарден репрезентативец на Босна и Херцеговина за која има 39 настапи.