Една од најпознатите велосипедски трки во светот, Вуелта Еспања, оваа година нема да се одржи поради пандемијата на коронавирусот.
Оваа година на програмата требаше да биде јубилејното 100-то издание на Вуелта кое, сепак, ќе мора да почека до 2021 година.
„Сакавме да го прославиме 100-то издание со максимални гаранции и најдобри светски велосипедисти“, забележаа организаторите.
Трката традиционално се одржува кон крајот на март, а оваа година беше закажана за 23-ти до 29-ти овој месец.