Раководството на Премиер лигата им испрати на клубовите распоред со специфични датуми околу кои треба да го испланира повторното започнување на сезоната. Според него, тимовите треба да продолжат со целосен тренинг на 18 мај.
Играчите ќе можат да се вратат со активности една недела порано на 11 мај, но ќе тренираат во мали групи од максимум пет фудбалери. На 9 и 10 мај ќе биде првото масовно тестирање на сите играчи.
Првиот натпревар се очекува да се одигра на 8 јуни (понеделник), а сезоната ќе заврши кон крајот на јули.