Италијанскиот прволигаш Торино откри дека еден играч од клубот имал позитивен тест на КОВИД-19 и веднаш е сместен во карантин. Италијанскиот шампионат треба да добие дозвола да започне со натпревари оваа недела, при што првите натпревари се очекува да се одиграат на почетокот на јуни. Пред да им се дозволи на играчите да тренираат, сите играчи се подложени на тестови , а тестови ќе мора да направат и членовите на персоналот. Информациите за позитивниот тест на фудбалерот на Торино се добиени токму по ваквите тестови. Засега клубот сè уште не го објави името на играчот и јасно е дека тој…
Author: saso
На натпреварите од фудбалскиот шампионат во Јужна Кореја, кој е најавено дека ќе продолжи на 8 мај, ќе бидат воведени неколку уникатни мерки во борбата против ширењето на инфекција со коронавирусот. На теренот, на играчите не им е дозволено да плукаат, да се прегрнуваат, па дури и ќе бидат советувани да не зборуваат меѓу себе за да се минимизира ризикот од потенцијално ширење на коронавирус. Од персоналот на тимот ќе се бара да користат медицински маски и нараквици. Секој играч и службеник неодамна беше тестиран за коронавирус и ќе му биде дозволено да игра само доколку има негативен резултат. Во…
Италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора, предупреди дека е невозможно да се одреди датум кога точно ќе се одигра првиот меч во Серија А. „Сите се надеваме дека првенствата можат да се обноват, но во исто време сега е невозможно да се објави одреден датум. Мора да почекаме на податоци за развојот на коронавирусот во наредните две недели, откако пред само два дена земјата започна постепено олабавување на мерките. Само тогаш владата ќе може да одлучи “, рече тој пред италијанскиот парламент. Локалниот фудбал е суспендиран од 10 март поради глобалната криза, во која животот го загубија повеќе од 29.000…
Капитенот на Интер Самир Хандановиќ останува во Милано. Тој ја донел одлуката за продолжување на соработката со клубот. Актуелниот договор на Хандановиќ истекува наредното лето, а според новиот, тој на „Џузепе Меаца“ ќе остане уште најмалку една година, пишува „Кориере дело Спорт“. Хандановиќ ќе има можност да го собори рекордот на Валтер Ѕенга според бројот на настапи за Интер. Ѕенга има 328 натпревари, додека Хандановиќ досега бранеше на 279 натпревари за Интер.
Михајло Михајловски денеска за повеќе медиуми и официјално потврди дека од почетокот на следниот месец се враќа во македонскиот и европски првак, РК Вардар. По заминувањето на Сергеј Самсоненко, Михајловски го враќа клубот под свои закрила. „Да, точно е дека го земам Вардар, официјално од 1. јуни, останува да се завршат оние административните обврски. Клубот сакам да го земам од нула, онака како што го оставив. Сергеј Самсоненко потпиша договор со играчите, до крајот на годината ќе ги исплати сите долгувања кон нив. Секоја чест за Самсоненко за она што го стори за Вардар, кој благодарение на него изминативе години…
Во очекување на олеснување на мерките предизвикани од актуелната пандемија и дозвола за организирање на редовните спортски настани, започнуваме со реализирање на виртуелните трки, Виртуелен Прв до врв и Virtual Spring Run. Виртуелен Прв до врв е натпревар идентичен на редовниот натан, по истите патеки на Водно и истите дисциплини во трчање, планински и друмски велосипедизам, со единствена разлика што секој учесник индивидуално ја одржува својата спортска активност во согласност со пропишаните мерки за физичка дистанца, а оствареното време влегува во заедничкото рангирање со останатите учесници. Овој виртуелен настан ќе трае од 1-ви до 31-ви мај, по што ќе бидат…
Министерката за спорт на Франција, Роксана Марачинану, објави дека две од најголемите спортски настани во земјата, Ролан Гарос и Тур де Франс, ќе се одржат само доколку е можно присуството на публика. Францускот опен беше одложен од 18 мај за 20 септември, а велосипедската трка треба да стартува во нов термин на 29 август. „Ќе помине некое време пред да можеме да организираме спортски натпреварувања од големи размери, без разлика дали тие вклучуваат трчање или вртење на педали. Сакаме да бидеме трпеливи и претпазливи, а не да правиме избрзани планови. Доколку ситуацијата се подобри во септември, ќе ги одржиме планирани…
Суперesвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе веројатно ќе ги разочара фановите на Реал (М) кои го очекуваа ова лето на „Бернабеу“. Според францускиот весник „Л’Екип“, светскиот шампион од Франција има намера да го продолжи договорот со „светците“. Напаѓачот изјавил дека се чувствува среќен во клубот и не му пречи да ја продолжи соработката со тимот и да продолжи во битката за освојување на Лигата на шампионите. Познато е дека Реал Мадрид и Ливерпул се големи фаворити за неговиот потпис, но работите ќе станат многу тешки за нив, со оглед на новонастанатата ситуација. За да ја задржат својата голема sвезда, од ПСЖ…
Фудбалерот од средниот ред на Наполи, Фабијан Руиз, може да замине во Барселона, но само доколку каталонскиот гигант изброи 60 милиони евра. Ова е цената која наполитанците им ја соопштиле на првите луѓе на Барса во обидот да го донесат на „Камп Ноу“. Италијанците напоменале дека под оваа цена нема воопшто да разговараат за слободата на Руиз. Интересно е што некои анализи окажуваат дека оваа цена треба да се смета за поволна, затоа што само пред неколку недели се зборуваше дека Де лаурентис нема да го пушти Руиз да замине за сума под 80 милиони евра.
Тренерот на Интер, Антонио Конте сака по секоја цена да го види својот тим својот поранешен фудбалер, Пол Погба. Весникот „Газета дело Спорт“ тврди дека Италијанецот бара начин како да го убеди Погба да се пресели во Милано. „Нероаѕурите“ тргнаа со големи амбиции сезонава, но сега се далеку зад Јувентус во битката за титулата, а згора на тоа веќе испаднаа и од ЛШ. Конте сака остар пресврт во тимот за следната сезона, па затоа и разговарал со шефовите на тимот за да се направи обида да се доведе Погба во Милано. Задачата во Интер е доста тешка, бидејќи од неодамна…
