Министерката за спорт на Франција, Роксана Марачинану, објави дека две од најголемите спортски настани во земјата, Ролан Гарос и Тур де Франс, ќе се одржат само доколку е можно присуството на публика. Францускот опен беше одложен од 18 мај за 20 септември, а велосипедската трка треба да стартува во нов термин на 29 август.
„Ќе помине некое време пред да можеме да организираме спортски натпреварувања од големи размери, без разлика дали тие вклучуваат трчање или вртење на педали. Сакаме да бидеме трпеливи и претпазливи, а не да правиме избрзани планови. Доколку ситуацијата се подобри во септември, ќе ги одржиме планирани настани како Тур де Франс и Ролан Гарос и многу повеќе. На овие два настана им треба публика. Тие нема да бидат само за пред ТВ-камери. Нема смисла да размислуваме за одржување на настаните ако нема публика“, изјави Марачинану за радио Монте Карло.

