Капитенот на Интер Самир Хандановиќ останува во Милано. Тој ја донел одлуката за продолжување на соработката со клубот.
Актуелниот договор на Хандановиќ истекува наредното лето, а според новиот, тој на „Џузепе Меаца“ ќе остане уште најмалку една година, пишува „Кориере дело Спорт“.
Хандановиќ ќе има можност да го собори рекордот на Валтер Ѕенга според бројот на настапи за Интер. Ѕенга има 328 натпревари, додека Хандановиќ досега бранеше на 279 натпревари за Интер.

