Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Виртуелни трки Прв до Врв и Spring Run
    Домашен микс

    Виртуелни трки Прв до Врв и Spring Run

    sasoBy saso04/05/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Во очекување на олеснување на мерките предизвикани од актуелната пандемија и дозвола за организирање на редовните спортски настани, започнуваме со реализирање на виртуелните трки, Виртуелен Прв до врв и Virtual Spring Run.
    Виртуелен Прв до врв е натпревар идентичен на редовниот натан, по истите патеки на Водно и истите дисциплини во трчање, планински и друмски велосипедизам, со единствена разлика што секој учесник индивидуално ја одржува својата спортска активност во согласност со пропишаните мерки за физичка дистанца, а оствареното време влегува во заедничкото рангирање со останатите учесници. Овој виртуелен настан ќе трае од 1-ви до 31-ви мај, по што ќе бидат прогласени победниците кои оствариле најдобри времиња.
    Virtual Spring Run е пролетна лига во трчање која ќе се одржува седум недели (кола) почнувајќи од 4 мај, па до 21 јуни. Учесниците ги имаат на располагање дисциплините на 5000 метри, 10000 метри и полумаратон. Остварениот резултат и рангирање носи соодветен број на бодови, чиј збир на крајот од лигата ќе ги победниците, поточно оние кои освоиле најголен број бодови. Секоја дисциплина се рангира посебно. И тука, секој учесник ја реалзира својата спортска активност индивидуално и со почитување на пропишаните мерки за избегнување на групирање.
    Мерењето на времето е со користење на бесплатната апликација Strava, чии податоци автоматски се преземаат од платформата на Прв до врв. Секој учесник може да оствари повеќе активности во секоја од дисциплините, во било кое време во деновите додека траат настаните, а најдобриот резултат ќе биде земен предвид при рангирањето.
    Пријавувањето за трките е преку веб страницата www.prvdovrv.mk.
    Најдобрите во трките ќе бидат наградени на традиционален начин, со златен, сребрен и бронзен медал.
    Трките се во организација на здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.