Шпанецот Карлос Саинц ќе потпише договор со Ферари во наредните 48 часа, а од следната сезона ќе биде втор возач во болидот на Скудерија, тврдат италијанските медиуми. 25-годишниот возач на Мекларен каде пристигна во 2019 година, според вестите веќе се договорил со италијанскиот тим за најважните детали од договорот. Мекларен, наводно, бил подготвен да го продолжи договорот со Саинц до крајот на 2021 или дури 2022 година оваа есен, но не е постигнат договор. Ферари вчера потврди дека нема да го продолжи договорот со Себастијан Фетел, а раководството на тимот смета дека Саинц во исто време е искусен и преставува…
Author: saso
Мартин Касерес е еден од фудбалерите на Фиорентина кои се заразени со „Ковид-19“. Италијанскиот тим објави дека по првите тестирања, резултатите на тројца членови биле позитивни, а според медиумите во Јужна Америка еден од нив е Касерес. Тој ќе биде во самоизолација во следните 14 дена, доколку новите тестови бидат негативни ќе може да се врати на тренинзи. Првенството во Италија е прекинато на 9. март, до крајот останаа уште 12. кола, но кога ќе се доиграат и натаму не е познато.
По неколкудневни преговори, синоќа ракометниот клуб Еурофарм Пелистер објави дека го донесе најголемото засилување за следната сезона, Станува збор за некогашниот најдобар светски младинец, Стипе Мандалиниќ. Хрватскиот лев бек ќе биде замена за Владислав Остроушко, кој го напушти клубот. Мандалиниќ е втор ракометар кој од Бундеслигата доаѓа во Битола и ќе ја комплетира хрватската колонија која ја сочинуваат Мараш, Кушан и тренерот Бабиќ.
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека со одлуката за олабавување на мерките, од понеделник ќе се дозволи и изведување на индивидуални тренинзи во индивидуалните спортови, додека пак во колективните тоа ќе се случи следната недела. Со ова дефинитивно се става крај на сите шекулации околу враќањето на спортските случувања кај нас. Неизвесно останува каква ќе биде одлуката на Фудбалската федерација околу продолжението на првенствата. Тие ја чекаа уредбата на Владата, па да се подготват за рестарт на сезоната. Останува отворено и прашањето дали ќе се доигра комплетниот шампионат или ќе има некое скратување.
И трет фудбалер на Брајтон е позитивен на коронавирусот. Веста ја потврди BBC напоменувајќи дека името на играчот не е објавено. Тој ќе мора да оди во 14-дневен карантин, откако бил тестиран вчера, а резултатот пристигнал утрово. Претходно и други двајца играчи на Брајтон имаа позитивни тестови на КОВИД-19. Фудбалерите на Брајтон тренираат индивидуално на теренот за обука и од клубот велат дека и покрај овие случаи тие продолжуваат со работа. Клубовите од Премиерлигата треба да се состанат утре за повеќе отворени прашања околу планот за рестартиње на лигата.
Три нови играчи се заразени со КОВИД-19 во шпанската Ла Лига и сите се од Бетис, информираа шпанските меидуми. Имињата на играчите не се објавени. Само е јасно дека тие биле без симптоми на болеста. Според клупските вести, ниту еден од клупските вработени се уште не е тестиран на вирусот, откако во изминатите три дена биле направени само брзи тестови, кои покажаа дека некои фудбалери веќе ја имале или поминале инфекцијата. Денес Бетис треба да продолжи со тренинзи во пресрет на рестартирањето на првенството во Примера дивизија.
Реал Мадрид и Барселона планираат да преземат мерки за стабилизирање на финансиската состојба, со тоа што ќе следува ново намалување на платите. Според изворот, двата клуба размислуваат да ги намалат платите на фудбалерите за 30% во сезоната 2020/2021. Претходно беше објавено дека каталонскиот клуб има намера да го намали списокот за плати за 230 милиони евра, така што намалувањето на платите за 30% ќе помогне да се постигне потребната сума. Поради пандемијата на коронавирусот, многу спортски турнири, вклучувајќи го и шпанското првенство, се суспендирани. Во моментот на паузата, платите за играчите на Барселона се намалени за 70%, а за играчите…
Место спектаклот меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон, синоќа во Џексонвил, покрај другите борби, се одржа и УФЦ 249 битката во лесна категорија меѓу Џастин Гатје и Тони Фергусон. Во текот на целиот меч, кој се одржа под посебни мерки поради коронавирусот, Гатје беше подобар, го победи Фергусон, и најави борба со Хабиб. Несудениот ривал на Дагестанецот загуби со технички нокаут во 5 рунда. Откако беше прогласен за привремен светски првак и му беше доделен појас, УФЦ борецот од САД го отфрли појасот и посочи дека го чека оној вистинскиот, мислејќи на борбата со Хабиб Нурмагомедов.
Реал Мадрид му даде ултиматум на Арсенал да донесе одлука за иднината на нивната sвезда Пјер-Емерик Обамејанг до 15 јуни. На Габонецот му преостанува нешто повеќе од една година според неговиот сегашен договор со „топчиите“ и засега нема навестувања дека повторно ќе потпише со клубот. Кај него има голема желба за преселба во шпанскиот гигнат, бидејќи голем број великани, вклучувајќи ги и Барселона, изразија желба да го купат ова лето. Според „Мирор“, Реал сака да знае каква ќе биде одлуката на Арсенал за овој случај до средината на следниот месец. „Кралевите“ нема да тактизираат и отворено побарале од Англичаните да…
Бундеслигата од следната сабота треба да го има продолжението на сезоната, но под специјални ригорозни мерки за заштита од новиот коронавирусот. Фреди Бобиќ, спортски директор на Ајнтрахт Франкфурт, откри дека неодговорност на домашните навивачи и нивно доаѓаање пред стадионот за да дадат поддршка, што многупати се случувало ширум Европа кога еден клуб е казнет да игра пред празни трибини, може да се одрази негативно за домашните и тие службено да го загубат мечот. „Многу разговаравме со нашите навивачи и само им кажавме: слушајте, немој да доаѓате пред стадион, зашто ако се појавите – ќе изгубиме службено. Правилата се многу ригорозни.…
