Author: saso

Интер има намера да му понуди нов договор на дефанзивецот Данило Д’Амброзио, со кој ќе го обврзе на верност до 2022 година. Двете страни се веќе во преговори по ова прашање, а се очекува развој на настаните во наредните денови. Тековниот договор на 31-годишниот десен бек е до 2021 година. Оваа сезона тој има само 12 натпревари за „нероаѕурите“, бидејќи двапати беше надвор од терените поради повреди. Сепак, Д’Амброзио останува важен играч за Антонио Конте, кој има намера да се потпира на неговите услуги и во иднина. Дефанзивецот пристигна на „Џузепе Меаца“ во 2014 година од Торино за 3,8 милиони…

Read More

Статуата на шведскиот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ, која е поставена на стадионот на неговиот роден клуб Малме, ќе биде преместена на друга локација. Општината Малме веќе го контактираше извршниот директор на клубот, Никлас Карлен, да разговара за нова локација на споменикот. Статуата беше цел на континуирани напади поради гневот на навивачите, откако Ибра стана косопственик на друг шведски клуб Хамарби, каде и ја одржуваше својата форма сè додека не се врати во Италија.

Read More

Раководството на Селта одлучи да го казни својот фудбалер Систо со парична казна од 60 илјади евра за кршење на карантинот, кој беше воведен заради заканата од ширење на коронавирусот, пренесува „Ел Мундо Депортиво“. Пред некое време, напаѓачот Пионе Систо ја напушти Шпанија во ек на пандемијата за да се врати во својата татковина со автомобил. Неговите соиграчи протестираа на ова негово однесување и бараа казна за Данецот. Според информациите, тој освен парична казна може да се најде и пред шпанскиот суд поради прекршување на здравствените протоколи.

Read More

Иранското фудбалско првенство ќе продолжи по крајот на светиот месец Рамазан, пренесува „Техеран тајмс“. Според изворот, ова го изјавил претседателот на земјата Хасан Рухани. Потврдено е дека натпреварите ќе се играат пред празни трибини. „Осваривме состанок со Федерацијата за спортска медицина и разговаравме за тоа како да ја завршиме сезоната, бидејќи лидерите на Ла Лига, Серија А и Бундеслигата ќе го сторат тоа. Имаме уште девет недели, а сезоната можеме да ја завршиме за шест недели. На тимовите ќе им требаат три недели да се подготват за рестартирање“, коментира заменик министерот за здравство, Ирај Харирчи. Иранскиот шампионат, како и повеќето…

Read More

Ла Лига и Шпанската федерација се договорија околу продолжението на сезоната. Според денеска потврдените вести од Шпанија, фудбалот на Пиринеите се враќа во јуни, а натпреварите ќе се играат секој ден, вклучително и во понеделник. Екипите ќе имаат 72 часа одмор помеѓу натпреварите. Бидејќи тие ќе се играат во јуни кога температурите се високи, можни се подоцнежни вечерни термини. на пример во градовите на југот средбите ќе почнуваат и од 23 часот навечер. Според планот, Шпанците треба да се вратат на терен на 12 јуни, а целта е да се заврши првенството до крајот на јули.

Read More

Организаторите на УС Опен се под притисок да пронајдат нов датум за одржување на Грен Слем турнирот, но поради моменталната ситуација со коронавирусот Њујорк не е добра локација. Се зборуваше дека една од оциите е Индијан Велс, но сега во прв план се чини дека е Флорида. УС Опен би можел да се одржи кон крајот на годината и тоа без присуство на публика. Останува прашањето за Ролан Гарос кој официјално е одложен за 27 септември, но и неговото одржување е ставено под знак прашалник.

Read More

Менаџерот на Њукасл, Стив Брус запрашан за евентуалното продолжување на сезоната во англиската Премиер лига вели: „Ни треба доволно време за да се подготвиме за играчите да се вратат во форма, во спротивно тие ќе се урнат како кула од карти. Повеќето тренери во лигата се согласуваат за ова. Ќе потрае најмалку шест недели за да бидеме оптимално подготвени. Не можам да замислам како можеме да играме пред крајот на јуни“, изјавил Брус.

Read More

Парма потврди дека двајца нивни фудбалери се изолирани, откако биле позитивни на тестовите за КОВИД-19. Во изјавата на клубот е потврдено дека сите членови на тимот и персоналот, извршиле и двојни брисеви и крвни тестови. Сите тестови се  негативни, освен на двајца фудбалери, кои се асимптоматски и се изолирани. „И двајцата беа позитивни на првиот тест и негативни на вториот што беа направени во рок од 24 часа подоцна. Спортистите, се во одлична состојба, асимптоматски се, но сепак се веднаш изолирани и клубот постојано ќе ги следи“, велат од тимот на Парма.

Read More

Белгискиот напаѓач од екипата на Наполи, Дрис Мертенс, може да остане во сегашниот клуб, тврдат некои италијански извори. Според информациите, Мертенс побарал да добие поголем бонус за продолжување на договорот на две години. Договорениот договор со Наполитанците истекува ова лето, па тој може без отштета да замине во друг клуб. Претходно беше објавено дека многу европски клубови се заинтересирани за услугите на Белгиецот, вклучувајќи ги Челзи, Ливерпул, Јувентус, Монако, Њукасл и Интер.

Read More

Првиот човек на тимот на Мерцедес, Тото Волф, призна дека тимот ќе размисли за можноста за потпишување договор со четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел. Германецот ќе ја напушти Скудерија Ферари на крајот на сезоната 2020 година. „Тој е опција за нас. Разгледуваме можност за потпишување договор со Себастијан Фетел. Но, тоа не е она што е сега на агендата, бидејќи се фокусираме на сегашните пилоти. Во принцип, сè е на Фетел. Тој може да одлучи сам, да ја заврши кариерата или да продолжи со друг тим. Тој сè уште има интересни опции“, изјавил Волф.

Read More