Интер има намера да му понуди нов договор на дефанзивецот Данило Д’Амброзио, со кој ќе го обврзе на верност до 2022 година. Двете страни се веќе во преговори по ова прашање, а се очекува развој на настаните во наредните денови.
Тековниот договор на 31-годишниот десен бек е до 2021 година. Оваа сезона тој има само 12 натпревари за „нероаѕурите“, бидејќи двапати беше надвор од терените поради повреди.
Сепак, Д’Амброзио останува важен играч за Антонио Конте, кој има намера да се потпира на неговите услуги и во иднина. Дефанзивецот пристигна на „Џузепе Меаца“ во 2014 година од Торино за 3,8 милиони евра.