Раководството на Селта одлучи да го казни својот фудбалер Систо со парична казна од 60 илјади евра за кршење на карантинот, кој беше воведен заради заканата од ширење на коронавирусот, пренесува „Ел Мундо Депортиво“.
Пред некое време, напаѓачот Пионе Систо ја напушти Шпанија во ек на пандемијата за да се врати во својата татковина со автомобил. Неговите соиграчи протестираа на ова негово однесување и бараа казна за Данецот.
Според информациите, тој освен парична казна може да се најде и пред шпанскиот суд поради прекршување на здравствените протоколи.