Ла Лига и Шпанската федерација се договорија околу продолжението на сезоната. Според денеска потврдените вести од Шпанија, фудбалот на Пиринеите се враќа во јуни, а натпреварите ќе се играат секој ден, вклучително и во понеделник. Екипите ќе имаат 72 часа одмор помеѓу натпреварите.
Бидејќи тие ќе се играат во јуни кога температурите се високи, можни се подоцнежни вечерни термини. на пример во градовите на југот средбите ќе почнуваат и од 23 часот навечер.
Според планот, Шпанците треба да се вратат на терен на 12 јуни, а целта е да се заврши првенството до крајот на јули.