Парма потврди дека двајца нивни фудбалери се изолирани, откако биле позитивни на тестовите за КОВИД-19. Во изјавата на клубот е потврдено дека сите членови на тимот и персоналот, извршиле и двојни брисеви и крвни тестови. Сите тестови се негативни, освен на двајца фудбалери, кои се асимптоматски и се изолирани.
„И двајцата беа позитивни на првиот тест и негативни на вториот што беа направени во рок од 24 часа подоцна. Спортистите, се во одлична состојба, асимптоматски се, но сепак се веднаш изолирани и клубот постојано ќе ги следи“, велат од тимот на Парма.